Ивица Коневски демантира дека ќе учествува во формирање на нова политичка партија

Деновиве се појавија дека наводно  на повидок е нова партија која ќе ја формира ни помалку ни повеќе екс поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, Сашо Мијалков.

Во врска со тоа на својот ФБ профил се огласи Ивица Коневски тој напиша:

„Постојат многу шпекулации во јавноста дека учествувам во формирање на некоја нова политичка партија. На креаторите на овие информации сакам да им порачам дека за мене постои само една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. 

Знам дека тоа на некои луѓе не им одговара, но тие треба да разберат дека тоа што јас и дел од раководството на партијата можеби имаме различно мислење за одредени прашања е секако здраво за зајакнување на демократските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметам дека сите ние заедно имаме само една цел, а тоа е Македонија да оди напред.

Само со сплотени сили и конструктивен пристап можеме да победиме на претстојните избори. 

А, на оние што посакуваат раскол во нашите редови уште еднаш им испраќам порака дека секогаш сум работел и ќе продолжам да работам единствено на обединување и победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ништо друго.“

1194 пати повикала Итна помош за една година

56-годишна жена од Хароу, северен Лондон, 999 пати го повикала бројот за итни случаи од 17 различни мобилни броеви, во текот на 2021 и 2023 година, пишува Скај њуз.

Соња Никсон само во 2023 година повикала 1.194 пати на итниот број и така станала една од трите лица кои таа година најчесто се јавувале во полиција.

Никсон била уапсена во јануари за 668 прекршувања на Законот за комуникации и е обвинета за 670 кривични дела.

Полицијата проценила дека нејзиното упорно прекршување ја чинело службата околу 4.500 фунти во период од пет месеци. Соња на крајот доби затворска казна од 22 недели.

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција,  соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од Неон Карловасион, град на островот Самос во Егејското Море, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуални материјални оштетувања или за повредени.

Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

„На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

Kандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор“, стои во анкетата спроведена од ЦРПЦ.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Популарно