ВИДЕО: Тања Савиќ снимена како плаче среде улица

Популарната Тања Савиќ од музичката сцена се повлече на одреден период, но со нејзините нови хитови повторно направи хаос на музичката сцена и нејзините песни се едни од најслушаните.

Кога станува за нејзиниот приватен живот, Тања често е на мета на медиумите, па може да се видат разни приказни за некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, еден период се појавуваа шпекулации дека наводно пејачката има криза во бракот, односно дека нејзиниот сопруг физички и психички ја малтретира, потоа се појавуваа шпекулации дека наводно се разведуваат и сл.

Савиќ ги демантираше сите овие пишувања истакнувајќи дека во нејзиниот брак се е во најдобар ред и дека посакува да има и друго дете.

Меѓутоа, деновиве екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја снимаше пејачката како сама седи на клупа среде улица и неутешно плаче, па веднаш се поставува прашањето која е причината за нејзините солзи.

Кој е виновен за солзите на Тања не знаеме, а што точно се случило останува да ја гледаме емисијата „Папарацо лов“.

(Фото) Раскина со Петар Стругар па му се намерачи на овој актер

Пејачката Милица Тодоровиќ ја прекина врската со актерот Петро Стругар пред почетокот на вонредната состојба заради корона епидемијата во Србија, во март годинава.

Како што и двајцата признаа, сфатија дека работите во нивната љубовв не се одвиваат добро, а сега пејачката одново фрлила око, ни помалку ни повеќе, повторно на актер! И тоа не било кој!

Микел Морено е актерот што го видовме во филмот „365 дена“, а многу жени ширум светот „се заљубија“ со неговиот изглед. Меѓу останатите и Милица. Српската пејачка во неколку наврати го сподели свои објави на Инстаграм колку  и се допаѓа Микел.

„Да се ​​разбереме, светот е полн со убави и згодни мажи. Микел, во овој момент, има среќа да биде главен актер во филмот „365 дена“ за кој сите зборуваат. Не знам дали тој е најголемиот фраер на светот, веројатно не, но однеодамна, барем што се однесува до мене, да“ – вели пејачка, па признава што најмногу сака на него:

„Не ми се допаѓа само физичкиот изглед, туку сè што научив за него, и првенствено дека тој е уметничка душа. Тој свири гитара, глуми и црта. Сакам луѓе кои се вистински уметници“ – се отвори Милица за српски Телеграф.

(Видео) Катарина Живковиќ откри која има поголем музички потенцијал, Луна или Кија

Катарина Живковиќ беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, каде водителката Тијана Милутиновиќ ја праша кој има поголем потенцијал да стане музичка ѕвезда, Кија Коцкар или Луна Џогани.

Катарина воопшто не се двоумеше и одговори како од топ: „Кија“, рече Катарина.

Она што е интересно е што таа рече одговори пред Луна Џогани, која исто така беше гостинка.Погледнете го видеото и реакцијате:

(Фото) Игор Џамбазов има селфи со Здравко Чолиќ од пред 42 години

Многумина можат и тврдат дека го измислиле „селфито“ ама Игор Џамбазов извади фотографија стара 42 години и покжа дека бил пред сите, ма пред времето.

Тој периодов, својот Инстаграм најмногу го полни со заеднички фотографии со саканата Илина, а сега за промена изненади со таква од времето кога сите го паметат како Трајче дрварчето.

-Ај сега да видиме кој правел селфи со Здравко Чолиќ пред 42 години… Пишува Игор во осписот на црно-белата фотографија каде е заедно со група деца среќни што ќе имаат слика заедно со големата југословенеска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кој тогаш имал 27 години.

„Легенда“, „Ти си пред времето“, „Еве кој го измислил селфито“, беа само мал дел од коментарите кои осамнаа за оваа досега невидена фотографија од едно далечно време.

Популарно