Куманово ја доби првата жена командир На полициска станица во македонија

Зорица Вукановиќ (36) е прва жена која ќе раководи со полициска станица во државата. На предлог на министерот Спасовски, а со поддршка на Советот на Општина Куманово, таа е избрана за командир на Полициската станица од општа надлежност во Куманово.

„СВР Куманово ги следи насоките и современите текови за родова еднаквост во МВР и токму затоа предложивме жена за командир на полициска станица за општа надлежност. Се работи за исклучително квалитетен, одговорен и совесен професионалец, која уште попосветено ќе работи на новото работно место“, изјави началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ.

До Советот од МВР беа доставени три предлози, двајца мажи и една жена. Советниците тврдеа дека сите кандидати се добри, но предност ѝ дадоа на полицајката.

„Најголеми пофалби за нејзината професионална работа, нејзиниот потенцијал, непристрасноста во вршењето на службата и за нејзината чесност. Нејзината дистанца од партиски влијанија покажува дека сите граѓани ќе имаат еднаков третман и ќе се почитуваат нивните права и безбедност. Ова е историски момент за нашата земја“, рече на седницата советникот Миле Андоновски од Партијата на пензионерите, поранешен началник на СВР Куманово.

Вукановиќ дипломирала криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје. Досега работела како инспектор по семејно насилство и малолетничка деликвенција, а кариерата ја градела 16 години на повеќе работни места во службата во СВР Куманово.

Доаѓа на местото на Игор Митевски, кој е назначен за началник на Одделот за полиција при СВР Куманово.

Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата додека се гласаше за изборот на новата командирка.

Извор - Сдк.мк

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно