ВИДЕО: Сораја славеше роденден, летаа пари на сите страни

Александра Младеновиќ пееше на прославата за 33. роденден на Сораја Вучелиќ во Виена, а следбениците веќе со деновите гледаат интересни снимки од овој настан каде бакшишот е во прв план.

Имено, на снимките се гледа како пејачката во една рака го држи микрофонот, а на другата многу пари, кои е тешко да се пребројат.

Некогашната „Ѕвезда на Гранд“ одлучи да проговори и за она што сите ги интересира, па потврдила дека добила околу 5.000 евра бакшиш.

-Вистина е, бакшишот беше добар, но не ми е тоа на прво место. Се поделив со музичарите и битно е што добро си поминавме и дека сите заминаа задоволни - рекла Александра.

Фото: Цеца е среќна свекрва: Што доби за подарок од снаата Богдана?

Не помина ниту еден месец од свадбата на наследникот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, а снаата веднаш ја изненади свекрвата.

Имено, Богдана на Цеца и подари прстен, а пресреќната свекрва за тоа се пофали на Инстаграм. Како изгледа подарокот погледнете во продолжение.

ФОТО: Весна Џогани го промени изгледот - нема да ја препознаете

Иако долго време откако е на естрадата нема направено промена и цело време е со долга руса коса, Весна Џогани се одлучи на голема промена.

Имено таа долгата коса ја оби во неколку бои. Има сина, розева и зелена боја, а стајлингот го дополни со темни наоќари, капа и тексас кошула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#djogani 💋💋💋 @kokonadogradnjakose

A post shared by Djordje Djogani (@djoganivesna) on

ФОТО: Денес е најсреќниот ден во животот на Цеца

Вељко Ражнатовиќ денеска го прославува својот роденден, а прва која му честиташе беше неговата сестра Анастасија Ражнатовиќ. Имено денеска синот на Цеца полни 23 години, а по тој повод прва се огласи неговата сестра Анастасија.

-Среќен роденден на најдобриот и најсаканиот брат на целиот свет, напиша младата пејачка која сподели фотографија од младите денови на нејзиниот брат.

Инаку младиот боксер во моментов е далеку од дома каде е на натпревар каде очекува да се врати со победа дома.

Популарно