Жените обожуваат мажи кои добро мирисаат и...

Група научниците сакале да знаат со кој тип на љубовник испитаничките најчесто доживувале оргазам – а со кои не.

Во истражувањето на универзитетот Квинсленд учествувале 100 жени кои одговарале на бројни прашања за нивниот дотогашен сексуален живот. Целта на истражувањето била да се открие кои мажи во очите на жените ги поседуваат најдобрите квалитети за љубовници.

Резултати од истражувањето

Од добиените одговори може да се забележи дека духовитите, креативните и верните мажи имаат најдобри квалитети за љубовници. На таквите “фраери” им е интересно и важно да го дознаат најдобриот начин како да ја доведат жената до оргазам, а освен тоа, тие се поотворени за разговор за сексот и сексуалните претпочитања па затоа повеќе се трудат и околу предиграта.

Истражувањето покажува и дека жените обожуваат мажи кои добро мирисаат.

А за брак?

Интересно, овие особини му припаѓаат и на идеалниот маж – најновото истражување спроведено помеѓу белгиските научници покажало кои особини мора да ги поседува еден маж за да се смета за добар кандидат за брак. Во истражувањето учествувале 87 хетеросексуални студентки според кои најпривлечни мажи им се оние на кои семејството им е поважно од работата и кариерата

Според нивното мислење, семејниот тип на мажи е подобар за брак бидејќи тој секогаш ќе му биде поддршка за семејството, подобар сопруг и подобар татко на децата. Освен тоа, нивниот идеален партнер мора да биде дружељубив, а пожелно е да им помага на постарите лица и да ѝ покажува на својата сопруга дека се грижи за неа и дека е внимателен.

Дека изгледот не е пресуден во изборот на партнер, покажува и неодамна објавената студија во магазинот “Psychological Science”. Имено, според студијата, мажите со просечен физички изглед и голема самодоверба се попожелни кај женскиот пол отколку оние мажи со високо ниво на физичка привлечност. Резултатите од истражувањето покажале и дека мажите кои не се премногу оптоварени со својот изглед одгледуваат посамоуверени деца.

Три хороскопски знаци ги очекува голема среќа и многу пари

Познатиот руски астролог Василиса Володина истакна дека три хороскопски знаци од 25 април ги очекува голема среќа и неочекувана материјална благосостојба.

Тие сосема неочекувано ќе ги подобрат своите финансиски околности.

Добар хороскоп во периодот од 25 април до средината на мај ги очекува Бикот, Ракот и Шкорпијата! 

Ви се смешкаат убави, исполнети денови и значително подобра финансиска состојба.

БИК

Бикот ќе добие можност која од корен ги менува неговите финансии

Вашиот труд и труд нема да бидат залудни, не грижете се! Од 25 април има одреден пораст на вашите финансии. Ќе ви се отвори нов извор на приходи, можеби преку унапредување или бонус на работа, а можеби ќе најдете и дополнителна работа или ќе успеете да склучите краткорочен проект или да го заработите вашето хоби. Володина ве советува да внимавате на долгорочните инвестиции, особено ако размислувате да купите недвижен имот или акции. Во овој период, важно е да ги држите очите отворени и да не пропуштите можност што може радикално да ја промени вашата финансиска иднина.

РАК

На раковите им претстои голема победа!

Слушајте се себеси, вашата интуиција ќе ви го покаже вистинскиот начин да ги зголемите приходите. Во периодот од 25 април до 5 мај фокусирајте се на сите нови понуди што ќе ги добиете. Володина истакнува дека ова е периодот кога може да добиете понуда за соработка која ќе биде многу профитабилна. Исто така, можно е да освоите голема сума пари или нешто многу вредно во наградните игри или да добиете наследство или паричен подарок. Главниот совет е да не се плашиш од ризик, туку да го прифатиш, но смислено!

ШКОРПИЈА

Сите напори ќе ги доведат Шкорпиите до значително зголемување на приходите!

Вашата енергија и способност да ги постигнете вашите цели ќе ви помогнат финансиски. Од 25 април до средината на мај ве очекуваат низа успешни настани. Можеби ќе склучите неколку големи зделки или проекти или ќе добиете силен поттик за напредок и развој на работа. Володина нагласува дека е важно во овој период да се биде отворен за нови идеи и да не се плаши од експериментирање. Сите напори на крајот ќе ве доведат до значително зголемување на приходот!

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Пресврт на евровизиските кладилници пре почетокот на натпреварот

Се поблиску е почетокот на Евросонг кој оваа година се одржува во Малме, а како што се приближуваме до 7 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер, така се менува и состојбата во обложувалниците.

Овојпат нашиот сосед Србија со претставничката Тејадора и песната „Рамонда'' паднаа уште подолу по скалилата и сега го зазема солидното 23 место. Официјалните обложувалници до неодамна предвидуваа 20-то место, за победа во големото финале кое се игра на 11 мај, но има промени.

Хрватска, која годинава ја претставува Бејби Лазања, долго време беше на првото место, а сега ја престигна Швајцарија, чиј претставник годинава е Немо, со песната „The Code“. Во првите пет фаворити се наоѓаат и Холандија, Италија и Украина.

Овогодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска од 8-ми до 11-ти Мај.

Популарно