Андријана Јаневска со македонските евергрини ги воодушеви нашите во Канада

Нашата пејачка Андријана Јаневска имаше покана од Universal Music од Лондон, да биде единствен репрезент од Македонија, како прва виолина во Планетарниот оркестар. Таа тукушто го заврши албумот на англиски јазик, а полека но сигурно се пробива и на хрватскиот музички пазар. Но, најбитна и е македонската публика на која како што вели наредната година и должи концерт. Неодамна се врати од Торонто каде поминала одлично и сигурно пак ќе и се врати на тамошната публика, а со своите обожаватели го споделува искуството од таму, Андријана Јаневска.

Кој беше поводот за посетата на Торонто?

 - На покана на „Скопското друштво“ од Торонто, на 16 ноември одржав концерт кој на мое големо задоволство беше целосно распродаден за само една седмица откако го објавивме датумот. Сакам да изразам огромна благодарност за беспрекорната организација! Ова беше мое прво гостување во Канада, но дефинитивно нема да биде последно!

Каде настапуваше, со каков репертоар?

 - Настапив во салата „Св. Климент Охридски“. Темата на концертот беа македонските евергрини. Па така, освен моите песни, изведов и многу песни кои оставиле белег во македонската забавна музика: Галебе мој тажен, Молчи молчи, Признавам, Ѕвона ѕвонат итн. Бендот го предводеше Маестро Беџо Синановски на клавијатури, на тапани свиреше Павел Ренџов, виолина – Лазар Николовски, на гитара – Невен Џокиќ и на бас гитара Велибор Перендија. Исто така, како вокал настапи и Гендаије Чудуловски - Гени со кого отпеавме и неколку песни во дует.

Имаше ли време за прошетка што те воодушеви?

 - Благодарение на организаторите кои имаа испланирано сѐ до последен детаљ, имав можност да ги посетам Нијагарините Водопади кои буквално ме оставија без здив. Имав време да прошетам и низ строгиот центар на Торонто, да го почувствувам духот на модерниот град, но и да ги посетам атракциите CN Tower и Ripley's Aquarium of Canada. Точно кога пристигнав во Канада падна и првиот снег, па самата атмосфера беше зимско-идилична, особено сега, кога пред Нова година почнаа да се украсуваат излозите и да се кити градот.

Нијагарините водопади се едни од посакуваните туристички дестинации.Какво доживување се за еден уметник? 

 - Во моментот кога ги видов, уште еднаш сфатив колку се луѓето мали наспроти величествената природа! Тоа е сила и убавина истовремено, место допрено од Бога и за среќа – сѐ уште неуништено од човекот!

Каков впечаток ти оставија луѓето во Торонто?

 - Тоа се урбани и прекрасни луѓе со кои веднаш се најдовме на иста фреквенција. Затоа и самиот концерт помина одлично, уште од првата песна публиката пееше со мене во еден глас. Иако беше предвидено да завршиме околу полноќ, гостите седеа до 3 часот наутро!

Имаш покана од Universal Music од Лондон, да бидеш единствен репрезент од Македонија, како прва виолина во Планетарниот оркестар?

- Од секоја земја во светот ќе има по еден музичар и затоа проектот носи наслов “The Earth Orchestra”. Композицијата што ќе ја изведуваме носи наслов „Together is beautiful“ и е дело на светски познатиот композитор Џорџ Фентон, кој е добитник на наградата „бафта“ и номиниран за „оскар“. Познат е по музиката што ја компонира за документарните серии на Би-би-си, „Сината планета“ и „Планетата Земја“. Планот е композицијата да се сними во студиото „Еби Роуд“ во Лондон, каде што некогаш снимале и славните „Битлси“, а за премиерната изведба дополнително ќе ме информираат.

Работиш на нов албум на англиски јазик до каде е?

- Тукушто го завршив албумот на англиски јазик со словенечкиот композитор и гитарист Боштјан Лебен. Станува збор за 10 нови композиции кои воопшто немаат комерцијален призвук, но токму тоа го прави интересен и несекојдневен.

Се пробиваш и на хрватски пазар?

- Во тек се и преговорите за пласман на моите нови песни на хрватски јазик кои ќе ги пласирам на тамошниот пазар. Снимив песна со хрватскиот пијанист Матија Дедиќ, кој е извонреден музичар. Се разбира, најважна ми е мојата најверна македонска публика на која и должам голем концерт следната година.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Ова се трите хороскопски знаци кои имат силна интуиција

Интуицијата е нешто што многумина од нас го чувствуваат, но не можат да го разберат. Сите ја имаме оваа моќ, но само малкумина можат да го разберат тоа „знаење“.

Многу често ја игнорираме нашата интуиција и се сомневаме во неа. Може да се случи и да мислиме дека чувствуваме интуиција, а всушност да станува збор за нешто друго.

Можеби е тешко да ја идентификуваме нашата интуиција, но хороскопските знаци имаат решение за ова.

Нашиот хороскопски знак има неколку индикатори кои ја дефинираат интуицијата. Ова најчесто е поради поврзаноста помеѓу Плутон, 12-тото поле и Нептун.

Моќта на интуицијата, ако правилно ја користиме, може да ни помогне да ги донесеме правилните одлуки, но потребен е разбуден ум за да стигнеме до неа.

Овие хороскопски знаци имаат најдобра интуиција:

Риби

За духовните Риби секогаш важи размислувањето: „Чувствувам, значи постојам“. Интуитивните Риби можат да ги предвидат работите во нивните соништа. Исто така можат да го пронајдат вистинското значење на некои настани кои другите ги игнорираат. Внатрешниот мир им е од голема важност на Рибите и ако не го пронајдат може да почнат да прават штета. Но ако Рибите успеат да го задржат својот фокус, можат да доживеат вистинско просветлување. Што и да прават, тие се водени од својата интуиција.

Скорпија

Скорпиите можат да погледнат низ секого. Лесно можат да сфатат што мислат другите за нив. Тие длабоко ги искусуваат сите работи и знаат што ќе се случи. Но, нивната љубов кон опасноста ги тера да ја игнорираат интуицијата и да преземаат ризици, особено кога станува збор за романтични врски.

Стрелец

Стрелците имаат сè што ѝ е потребно на една личност да биде интуитивна. Но, за да ја применат оваа интуиција, Стрелците треба да се концентрираат на нивната внатрешност и да бидат духовни. Треба да работат на нивниот потенцијал, а ако го направат ова правилно, ќе се спасат од непријатни ситуации. Стрелците можат да ги идентификуваат добрите и лошите ситуации, но луѓето со овој знак многу често го игнорираат ова. Потребен им е внатрешен мир за да го интерпретираат светот.

Популарно