По багателни цени се нудат станови, автомобили, телевизори…

Управата за јавни приходи годинава нуди станови, деловен простор, автомобили, камиони, телевизори, и други производи запленети по основ на неплатени даночни давачки, на јавна аукција и во комерцијална продажба закажани за 27 декември.

На јавно наддавање, меѓудругото, се нуди автомобил „Мерцедес“ од 2005 година со почетна цена од 348.677 денари, товарно моторно возило „МАН“ од 2007 година со почетна цена од 1.076.250 денари, товарно моторно возило „Форд Фургон“ од 2007 година со почетна цена од 535.000 денари, „Рено Клио“ од 2003 за 83.100 денари…

Мауси, тастатури, компјутари, телевизори, монитори, штампачи и секаков вид на компјтерска опрема по многу ниска цена. Верувале или не на оваа аукција можете да купите и машина за цедење на сокови, машина за производство на чевли, па дури и пелени и средства за хигиена.

Повеќе детали ТУКА.

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Популарно