Дино Мерлин ќе земе вртоглава сума на пари за настапот во Скопје за Нова Година

Српските медиуми ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Сумите се вртоглави и се движат од 30.000 до 100.000 евра.

Според „Курир.рс“, најмногу ќе добијат Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.Чола ќе пее во Будва, а Дино Мерлин на плоштадот во Скопје. Босанскиот пејач за 100.000 евра ќе ги забавува скопјани.

Организатор на настапот на Мерлин е Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје.

Кога беше официјално најавено кој ќе ги забавува скопјани за новогодишната ноќ, од Градот потенцираа дека целата сума за хонорарот на Мерлин, ќе биде платена од спонзори.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно