Видео: Резил на концертот на Симон Трпчевски во Штип

Пијанистот маестро Симон Трпчески по подолга пауза настапи во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, тој за кратко  го прекина настапот на концертот на средното музичко училиште, поради недостиг на греење и проблем со струјата.

-Овој концерт ме потсетува на еден концерт кој го одржав пред три недели во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што газеле нашите беломорски Македонци кои биле приморани да ја напуштат Егејска Македонија и топло ги прифатиле таму, па се вратиле итн. Мене ми беше мило да одам и да отсвирам таму и таму во говорот пред публиката се потсетив на трет концерт којшто се одржа пред 11-12 години во Прилеп, каде што јас настапив на сцена со греалка покрај моите нозе. И ќе ви парафразирам што ѝ кажав на публиката. Практично разбрав дека почнувајќи од утре, официјалните институции на Штип ќе работат без греење за да можат да разберат тие луѓе таму што значи овие луѓе на сцена да работат на вакви темепратури, рече иронично маестро Трпчески.

Тој ги нарече херои музичарите кои го придружуваат на сцената и им се извини што ги задржува дополнително на десетина минути со говорот.

-Во меѓувреме јас те се греам, те се ладам зад сцена, но тие се овде и верувам дека ќе ми простат за овие плус пет минути што ви ги кажувам. Многу ми е мило што ја делам сцената вечерва после повторно веројатно 11-12 години во Штип. Кога дојдов денеска, од една страна слушам вакво нешто: „Тошеее, рефлекторо не работе!“. Од друга страна слушам „Па тоалето нема хартија! Одам, струја нема: „Изгорела е сијалицата“. Радијаторите отишле. Немојте да ме сфатите како некој стенд-ап комедијант овде, но ова е дел од мојата потреба да ви го кажам ова. Некои ќе ме сфатат, некои не, но од друга страна слушам колку е прекрасно чувството на народот, на штипскиот народ да знае за вакви прекрасни настани како овој вечерва што се случува практично секоја година, „Новогодишниот концерт на Средното музичко училиште“. Колку е убаво да се биде на концертот на КУД „Ристо Донев“, на други аматерски групи, на други концерти и колку е убаво вие како публика да сте желни да добиете еден убав културен настан. Ме интересира колку професори се вечерва овде од музичкото училиште или од академијата, ме интересира дали градоначалникот на Штип е вечерва овде, директори на институции итн.

Трпчески нагласи дека токму затоа нашите политичари и квазиполитичари, оние што мислат дека се политичари вистински или оние кои се влијателни луѓе и коишто покажуваат дека искрено ја сакаат културата и уметноста треба да сфатат еднаш засекогаш дека на културата и на образованието не смее да се штеди.

-Пред да излезам на сцена додека се обидував да се загреам го прочитав следново, а има врска со фактот што ние Македонците без разлика колку имаме код на самоуништување, на крајот велиме дека сме како пиреј и секогаш одново растеме. И еве уште еден пример. Последната песна на Блаже Конески, која се вика „Зимско утро“ аналогно на нашава атмосфера. „Молчи зимското утро / Се стуткало во соба како куче. Уште не му се излегува надвор / Студи. Под мојот прозорец/ И денес цвркоти и си рипка шалава сипка/ Сип, сип, сип. И тоа како порив за живот / Во мене пак да буди!“ Тоа сме Македонците, заврши Трпчески.

 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно