Зимско вариво
СОСТОЈКИ:
300 гр колбаси Пекабеско
2 лажици масло
60 гр кромид
500 гр компири
200 гр моркови
100 гр корен од целер
1 лажица зачин
црн бибер
сол
240 гр конзервирана леблебија
150 гр конзервирана леќа
150 мл доматен сос
70 гр милерам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Колбасите ситно исечкајте ги на кругови и ставете ги на загреано масло. Кратко пропржете ги и со мешање додајте исечкан кромид, потоа коцки исечкан зеленчук. Прелијте со вода, додајте зачин, сол, бибер, исцедена леблебија, леќа и пасирани домати. Кога ќе зоврие гответе околу 15 минути. Готовото вариво посипете го со сечкан магдонос.