Коби Брајант е единствениот во историјата кој во еден клуб Пензионирал два броја. Првите 10 години тој го носеше дресот со број 8, а идните 10 бројот 24. ЛА Лејкерси под кровот на арената ги подигнаа и двата.
После неговата трагична смрт може да стане првиот играч чиј дрес го пензионирале сите клубови. Преку социјалните мрежи НБА играчите бараат да се повлече дресот со број 24, а некои истотот барање го имаат и за осмицата.
Помеѓу првите тоа го побара Донован Мичел, , потоа Тајл Херо, Тирстан Томпсон…
Дел од јавноста бара на „Ол-Стар“ натпреварот еден тим да игра со бројот 24, а другиот со 8, други да се постави НБА лугата место Џери Вест. Постојат и барања 24 август (8/24) да се прогласи за национален празник.