Македонската водителка Лила Филиповска кога не е пред камерите или пак кога не завршува некоја од своите активности, времето го поминува во својот дом.
Лила често на социјалните мрежи споделува моменти од својот домашен амбиент, а туку е нејзиниот мачор Рагнар кој често знае да прави и згоди и незгоди во станот на водителката.
Водителката не го штеди, па често го објавува на кратките приказни на „Инстаграм“, а веруваме дека тој ја полни со позитивна енергија по напорните денови.
Лила Филиповска јавно покажа дека има потреба да сподели љубов со некого, а Рагнар мачор како мачор исто така покажа дека и тој има потреба постојано да се гали и умилкува.
Веројатно Филиповска на Рагнар му се виде неодолива, па бакнежот кој Лила го очекуваше од мачето, заврши со гризнување за образот.
Да се има домашно милениче е вистински благодет, но понекогаш знае да биде и доста непријатно. Најдобро за тоа сведочи краткото видео кое водителката го сними.
Погледнете: