Солена штрудла со флекици
СОСТОЈКИ:
100 гр флекици
100 гр сирење
100 гр кисела павлака Пекабела
100 гр сечкана шунка Пекабеско
2 јајца
2 лажици гриз
листови магдонос
масло
тенки готови кори
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Обварете макарони, исцедете и изладете. Разматете со жица јајца, додајте сирење па изгмечете, додајте кисела павлака, гриз, листови магдонос и шунка. Изедначете.
На маса раширете кора па намастете, преку неа втора и трета. Ставете 3-4 лажици фил и свиткајте ги рабовите, па свиткајте во ролат.
Намачкајте ги ролните со масло. Печете на 200 степени околу 40-50 минтуи.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: