Ученик од основно образование добил милиони во обложувалница, а тоа што го направил неговиот татко ќе ве остави без зборови

Експертите предупредуваат дека процентот на возрасните луѓе кои што се коцкаат е многу гoлем, а нималку подобра не е ситуацијата помеѓу средношколците затоа што секој трет секојдневно се обложува.

Меѓу оние кои својата среќа се обиделе да ја пробаат во обложувалница има и основци, а за тоа сведочи и примерот кој го раскажал дефектолог и основач на Советувалиштето Ентера, а чиј главен актер било момче кое добило огромна сума пари во обложувалница.

„Ми се јави таткото чиј син, инаку ученик во основно училиште, добил добивка од максимален износ кој што може да се добие на еден тикет. Стануваше збор за неколку милиони денари. Ме праша што да прави. Чувствувал дека е неморално да ги подигне парите затоа што сметал дека на тој начин на синот ќе му испрати погрешна порака. Стравуваше дека неговиот син би можел да помисли дека од коцкањето може да се живее. Му кажав да ги подигне парите и да ги даде во добротворни цели. Така и направи. Потоа ми се јави истиот тој човек и ми кажа дека повеќе не оди во обложувалница“ – раскажал дефектологот.

Четири хороскопски знаци ќе се збогатат во втората половина на април

Астролозите сугерираат дека одредени хороскопски знаци ќе имаат поголема среќа на финансиски план и дека ќе можат да се збогатат во втората половина на април.

БИК

Биковите уживаат ненадејна финансиска добивка благодарение на долгорочните инвестиции. Планетите сугерираат дека нивната трпелива инвестиција во недвижен имот или акции ќе вроди со плод овој април.

Совет: Останете отворени за можностите за препродажба и не плашете се да правите храбри потези ако вашата интуиција ви каже дека е вистинското време.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите можат да очекуваат неочекувана финансиска добивка преку наследство или поволен исход на правни спорови. Во овој период, тие може да добијат вести за судски сослушувања кои неочекувано завршиле во нивна корист или исплати за осигурување кои доаѓаат како резултат на долги правни процедури.

Совет: Бидете подготвени да ангажирате стручни финансиски советници за паметно да управуваат со вашето ненадејно богатство.

ВОДОЛИЈА

Водолиите би можеле да доживеат финансиски бум преку иновативни проекти или почетни инвестиции. Со оглед на нивната склоност кон технологија и иновации би можеле да откријат или лансираат нов производ кој привлекува големо внимание од инвеститорите или доживува комерцијален успех.

Совет: Бидете отворени за неконвенционални пристапи и нови технологии, тие би можеле да бидат клучот за вашиот финансиски успех.

СТРЕЛЕЦ

Неочекуваната финансиска добивка за Стрелецот би можела да дојде од меѓународни работи или образование.

Совет: Истражете ги можностите на меѓународниот пазар и не плашете се да инвестирате во вашето образование.

Најсреќните хороскопски знаци - Се што ќе допрат претвораат во злато

Некои луѓе едноставно се родени под среќна ѕвезда.

Тие сè што ќе допрат им оди и секогаш е одлично да се биде околу нив поради нивниот забавен дух.

Ова се седумте хороскопски знаци кои астролозите ги сметаат за најсреќни.

Стрелец

Стрелецот е најсреќниот хороскопски знак бидејќи со него владее среќната планета Јупитер. Не заборавајте да го понесете Стрелецот со себе доколку планирате да играте игри на среќа.

Риби

Благодарение на Јупитер и Нептун, кои заеднички владеат со овој воден знак, Рибите се уште еден хороскопски знак благословен со среќа. Плус, тие се одлични што се наоколу поради нивната забава и безгрижен дух.

Бик

Дарежливоста на Јупитер ги опсипува луѓето од овој хороскопски знак со среќа на работното место. Добро втемелени и посветени, луѓето од овој сончев знак ќе бидат најдобри за дружење во вашата канцеларија.

Рак

Друг знак кој ужива во топлите и весели зраци на Јупитер е Ракот. Според експертите, колку повеќе вложуваат во емоциите, толку повеќе можат да ги искористат предностите од тоа.

Овен

Тие исто така уживаат во среќата, но таа доаѓа со услов: нивната среќа е директно пропорционална со тоа колку се искрени со другите.

Лав

Знаењето и моќта на Лавот се неговиот среќен шарм. Обдарени со жив и остар мозок, тие знаат како да го извлечат најдоброто од секоја ситуација.

Вага

Среќата се движи на мистериозни начини за Вагата. Вагите никогаш не знаат кога би можеле да имаат среќа.

(Фото) Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само женски навреди

Ивана Наскова на македонската јавност досега и беше позната како радио и ТВ водителка, стендап забавувач и писателка, а отсега и по новиот проект. Овој пат заедно со „Кеш фолкерката“ како ко-водителка, Ивана и Адријана “без влакна на јазикот“ „Искрено“ ги анализираат машко-женските односи во своите женски дијалог муабети, разменувајќи туѓи, а Бога ми и лични искуства на оваа тема.

За љубов, секс, размена на нежности, емоции, страсти и флуиди, за јајцеклетки и сперматозоиди, за непристојни предлози и пристојни понуди…  И за уште илјадници нешта и ситуации кои ги оптоваруваат или воодушевуваат мажите и жените, момите и ергените, мажените и женетите… сите!

Арно ама, колку и да сакале, колку и да се труделе да бидат и забавни и информативни и едукативни, секогаш има некој на кој „не му фаќаш око“, па те третира како нему лично „да си му брцнал“ во истото тоа око, иако ниту ти го познаваш, ниту тој те знае.

Едноставно такво ни е поднебјето, па со туѓото мислење може дури и да се согласуваш, ама па затоа ти пречи туѓиот изглед!  А такви секогаш има, само што овој пат тој не е ТОЈ, туку е ТАА! Или ТИЕ.. Жени… На кои не и им се допаднало како изгледа една од водителките на новиот поткаст, поточно Ивана Наскова, па на социјалната мрежа  Х (бивш Твитер), „сочно“  ја извреѓаа… дека била дебела!?

Така што Ивана Наскова во новиот поткаст ги третираше машко – женските односи, а доби само грст женски навреди… „Искрено“ кажано или „пет пари не вреди“, ама споделеното очигледно искрено ја повреди!

Па затоа водителката реши „хејтер(к)ите“  за сметка на нејзиниот изглед и килажа, да ги направи „познати и славни“ со јавна бламажа. Патем, нивното кажано го дополни и со свое мислење, колку за… „утешение грешним“! Дали и таа како искусна женска „медиумска ѕверка“ им возврати во споделеното со иста мерка на „раздрдорените господа и дами“ – проценете сами?!

Популарно