Геровски до Заев: Јебала вас правна држава

Ауууууу… Зоки друже, шо бидé ваа рабóта, бе?!

Сакаш веруј сакаш не, од ратракон мој сум рипнал кога ми јавија. Трас-трас и готово, сибав мајката, нозете ќе ги скршев за малку…

Антонио му рокнал бомба на другарчето твое, ми вели еден шпијун. Заев рекол, бомбите паѓаат на Врховен суд. А со Јово Вангеловски бил шајка! И рекол – без Заев не може!

Што не може? Шокур знам што му значи тоа, вели шпијунот, ваљда без Заев ништо не може. А и ти шо викаш…

Ма јели то могуче?! Ајт таму, гаси ратракот! Трас-трас. Готово. Треба да се рабóте…

Ја преслушувам снимката едно тричетрнаесет пати. Ја сечел и ја лепел Антонио, мамката мрсна! Ама јеби га, ти си друже Зоки. Малкичко заебáно е. Ама сè што кажуваш, такá си е!

Ова на с’ј! Не сум ни ироничен ни злобен. Само суетен.

Абе две години, да простиш, паштети јадам за оваа иста работа – дека законот не дозволува нелегално прибавените докази да се употребуваат во судските постапки и дека ако се суди според законот, пресудите за предметите на СЈО ќе паднат.

Ме прогласија за „адвокат на мафијата“. А види шо си лафел ти, друже Зоки, па и ти си бил „адвокат на мафијата“. И Јово Вангеловски, џанам.

Елај си при нас, друже Зоки…

Хахаха!

А со Јово ти шајка, а? Затоа го смени? И со мене беше шајка, друже. Ти изгледа сите со кои си шајка, после ги мењаш…

Хехехе!

Али види, ова шо ломотиш на снимкава што ни ја пропшти Антонио, тоа милијарда и два кома три посто си во право! Дозволи да те цитирам:

„Што се случува во правото? Кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.“

Која ерудиција, која елоквенција, која убедливост… Да се кандидираше за Оскар наместо за Нобелова награда, ќе добиеше гарант. Оскар за медена уста од медена земја!

Ај уште еден цитат, цар си друже:

„Ова е политичка битка помеѓу ВМРО и СДСМ и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега. Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд. Врховен суд тоа сам не може да брка.“

И сеа… Викаш, ти као ова му го објаснуеш на некој од оние побегуљите од ВМРО-ДПМНЕ, за да сфати кутриот дека нема да наебе и своеволно и одговорно да си гласа за Законот за Јавното обвинителство. Ако добро те сфатив. Малку ме буни и ова со спомнувањето на Катица. Како од друго време да е. А и Јово Шајка нешто друго вели.

Ма не е ни битно. Ме боли таквоото кога и со кого си зборувал и со каква цел! Важно е кажаното. Тавата стоо!

Човече божји, па ти си ја кажал целата вистина! Во три реченици. Ти си Хајди. Да де, Хајдегер. Денеска ти (додуша, малку задоцнето и не по своја волја) ја обзнани целата бесмисла на формирањето на СЈО, целата голема театарска претстава со работен наслов „Курац правда, курац мир“, целата манипулација со јавноста и со медиумите, причината за агресијата насочена кон една единствена цел – елиминација на политичкиот противник и на јавната критика на твоето владеење.

„И Катица знае“, велиш во бомбата. Катица со просек шест и нешто и со неплатен тросед знаела. Боже мили! И Зоки, нормално, знае. Не може без Зоки… И Геро знае, ама он е безобразен и не е од наша. Ај Геро ќе биде крив.

Но еве, овој твој исказ целосно ме рехабилитира. Ме враќа на ратракот уште утре рано сабајле.

Фала ти, друже Зоки!

Фалимендерит шум! Мултиетнички и коалициски ова…

Ефхаристополи! Ова во чест на Преспанскиот договор.

Мерси! Ова како знак на внимание кон моите и твоите братја Блгари. И за Антонио, естетствено…

А бе две години сум мислел како да излезам на крај со твоите пропагандни песои, со оној Гомнович со хумусот, со онаа Кучката 2.0 и со целата таа булумента… Цитирам закони (еднаш во сон сум свикал „член 12 став 2 од ЗКП“), цитирам експертски мислења, аргументирам… Џабе!

И ти бе Зоки, улетуеш ко ѓуле со онаа твоја златна реченица – како само убаво кажано, онака со свои зборови, алал да ти е – и спасуеш утакмица у девееста минута!

Шилото врти, тоа е. И немој некој веќе да ми те оговарал, те Зоки подлажуел, те договор со него не може да се направи, те ова, те она… Има со мене да си има работа. Трас-трас и готово, мамичето нивно недоверчиво!

Јас, друже Зоки, дури дишам, дури не ми е скината жицава македонска (добро, извини, северномакедонска), дури важи Уставов, неизмерно ќе ти бидам благодарен за оваа сатисфакција што ми ја пружи. Не ме гледаш сеа дур пишувам (ваљда), ама кога го велам ова, веруј ми – еве, рука на срце ставам!

Значи, без Заев стварно не може! Ништо бе не може, а на правна држава…

Јебала вас правна држава! За да имаш правна држава, прво треба да имаш држава. А ова држава ли е? Не е! А зошто не е? Не може држава без Заев премиер! Што е тука нејасно?

И Катица знае. Можда и Боки знае. Одозгора на тога.

Обаче, Антонио, ќе има ли нови бомби во б’дештето?

Извор - vecer.mk

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар.

За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари.

Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

Инцидент меѓу две групи на осуденици се случил синоќа во Затвор Штип. Интервенирала затворската полиција, но и полициски службеници. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров во куса изјава за МИА рече дека детали за случајот ќе има во текот на денот. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе потврди дека „имало случај во Затвор-Штип“.

-До МВР имаме пријавено случај  од Затворот во Штип, кога ќе завршиме со сите наши активности ќе излеземе со соопштение. Во моментот не би можел да дадам детали, зашто се уште работиме, а знаете дека сме едни од најтранспарентните, кога завршиме- информираме за тоа што сме го сработиле, рече Бојмацалиев при денешната посета  на ОВР-Свети Николе.

ЈО со детали: Полицајци помогнале на затвореник осуден за „убиство“ да избега

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово.

-По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица, соопшти Јавното обвинителство.

Предметниот јавен обвинител донел  наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, од кои за петмина постои основано сомнение дека во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело.

-Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко моторно возило да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје, се наведува во соопштението.

Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 до 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.

Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.

-Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се наведува во соопштението.

За овие кривични дела согласно македонското позитивно законодавство, како што посочуваат од Обвинителството, се предвидени од затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ .

Од МВР соопштуваат дека денеска Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лишилаод слобода сите 17 лица кои се предадени на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување.

Популарно