Калиопи со порака - бидете креативни и останете дома, но и УНИКАТНА ИДЕЈА!

Во секое општество уметниците  и јавните личности се значаен дел во подигнувањето на свеста кај народот во овие тешки времиња на борба против корона вирусот. Но најважно и, пред сѐ, е секој од нас да помогне и да ги почитува правилата за изолација и седење дома.

Калиопи, во овие денови кога заемно си недостасуваат со својата публика, е една од првите која започна секојдневно да ги комуницира и вклучувајќи се во живо  преку социјалните мрежи од својот дом да ги анимира низ песна и разговор внесувајќи љубов и оптимизам во нивните домови.

Почитувајќи ја љубовта и повратниот одговор на луѓето кои со нетрпение го очекуваат секое нејзино следно јавување, таа дојде до прекрасна идеја која во текот на месецот ќе ја реализира со нејзиниот креативен тим. Имено, преку пеење, музицирање, танцување и цртање поврзани на тема со некоја од нејзините одбрани песни на you tube плеј листа ќе се организира  онлајн Калиопи Фан Арт креативен натпревар за нејзините следбеници ширум светот.

Драги мои, изминативе неколку седмици се обидов да ве обојам со мојот шарен свет од музика и емоции , да ве внесам барем виртуелно во својот дом. Сакав за момент да ве однесам подалеку од секојдневието и сето неубаво да го надминеме преку песна. И тогаш сфатив колкави можности и креативност поседува секој од вас. Затоа одлучив, со помошта на мојот тим, да создадам место за вашите креативни мигови и истовремено да бидеме поблиску иако сме раздалечени едни од други под мотото #седидома. Со нетрпение ги очекувам вашите реакции! ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО - KALIOPI FAN ART“, порача Калиопи.

Натпреварот ќе трае во текот на месец април, сите креации ќе бидат објавувани на нејзините социјални мрежи, предвидени се навистина примамливи награди за победниците по четирите категории како што се часови по пеење од Калиопи, учество на нејзин концерт и спот, дизајн на нејзин ковер сингл, а главната награда ќе биде викенд во Македонија и дружење со Калиопи. Правилата, наградите и останатите информации околу овој креативен натпревар можете детално да ги прочитате на социјалните мрежи на Калиопи на овој линк

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Ова се трите хороскопски знаци кои имат силна интуиција

Интуицијата е нешто што многумина од нас го чувствуваат, но не можат да го разберат. Сите ја имаме оваа моќ, но само малкумина можат да го разберат тоа „знаење“.

Многу често ја игнорираме нашата интуиција и се сомневаме во неа. Може да се случи и да мислиме дека чувствуваме интуиција, а всушност да станува збор за нешто друго.

Можеби е тешко да ја идентификуваме нашата интуиција, но хороскопските знаци имаат решение за ова.

Нашиот хороскопски знак има неколку индикатори кои ја дефинираат интуицијата. Ова најчесто е поради поврзаноста помеѓу Плутон, 12-тото поле и Нептун.

Моќта на интуицијата, ако правилно ја користиме, може да ни помогне да ги донесеме правилните одлуки, но потребен е разбуден ум за да стигнеме до неа.

Овие хороскопски знаци имаат најдобра интуиција:

Риби

За духовните Риби секогаш важи размислувањето: „Чувствувам, значи постојам“. Интуитивните Риби можат да ги предвидат работите во нивните соништа. Исто така можат да го пронајдат вистинското значење на некои настани кои другите ги игнорираат. Внатрешниот мир им е од голема важност на Рибите и ако не го пронајдат може да почнат да прават штета. Но ако Рибите успеат да го задржат својот фокус, можат да доживеат вистинско просветлување. Што и да прават, тие се водени од својата интуиција.

Скорпија

Скорпиите можат да погледнат низ секого. Лесно можат да сфатат што мислат другите за нив. Тие длабоко ги искусуваат сите работи и знаат што ќе се случи. Но, нивната љубов кон опасноста ги тера да ја игнорираат интуицијата и да преземаат ризици, особено кога станува збор за романтични врски.

Стрелец

Стрелците имаат сè што ѝ е потребно на една личност да биде интуитивна. Но, за да ја применат оваа интуиција, Стрелците треба да се концентрираат на нивната внатрешност и да бидат духовни. Треба да работат на нивниот потенцијал, а ако го направат ова правилно, ќе се спасат од непријатни ситуации. Стрелците можат да ги идентификуваат добрите и лошите ситуации, но луѓето со овој знак многу често го игнорираат ова. Потребен им е внатрешен мир за да го интерпретираат светот.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

Популарно