Се забранува движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот во Србија.
Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Очекуваме во следните 72 часа да се зголеми бројот на заразени, за жал и на бројот на мртви“, вели вучиќ.
Денес умреле 3 луѓе, а 81 се на респиратор.
Вучиќ рече дека повеќе позитивни има во Белград. Ќуприја, Чачак и Ваљево.
Утре ќе стигне првиот авион со осум лекари и персонал од Русија.
Во Македонија, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека можеби ќе има и други мерки, но не засега.
Тврди дека будно следат што се случува.
Локалната власт во Куманово со денови бара целосен карантин.