МЗ: 29 новои случаи и 4 починати лица во последните 24 часа

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус:

 Пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г).

Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот.

По градови:

Скопје – 15,

Куманово -7,

Прилеп – 1,

Струга 3

Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 254 Куманово - 128 Дебар – 49 Штип-20 Прилеп –34 Тетово – 29 Струга – 28 Велес – 10 Битола –6 Охрид –3 Кавадарци – 2 Гостивар – 4 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка- 3 Радовиш -4 Крушево – 2 Кочани – 17 Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно