Преглед на граѓаните позитивни на коронавирус според населба на живеење

Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.

(МИА)

(Видео) Христијан Мицкоски открива детали од неговиот живот - Мајка му била матичен лекар, татко му експерт по шински возила

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на стартот на кампањата за парламентарните избори, сподели видео во кое открива повеќе за приватниот живот и семејната историја.

- Kако дете на мајка - лекар и татко - инженер, пораснат сум во семејство со несебична љубов, каде материјалните работи не беа центарот на интерес, туку посветеноста кон работата и семејството и поддршката едни кон други, вели тој.

Денес, тоа го пренесувам и во моето семејство, каде заедно со сопругата Рози и децата сме најсилниот мотив и поддршка, едни кон други, како во работата, така и во животот.

Па така, и на вас, моите сограѓани, гледам како едно семејство. Вие ќе бидете мојата поддршка, сила и мотив, а мене, вашите потреби, приоритет. Заедно можеме да оствариме сѐ! - порача Мицкоски.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Групна тепачка во скопско Ѓорче, бил употребен и тврд предмет

Групна тепачка во скопско Ѓорче, се случила пред неколку дена. Бил употребен и тврд предмет.

- На 17.04.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(47) и Ж.С.(27), од една страна и А.М.(23) и Ф.А.(24) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Уапсен познатиот актер Сергеј Трифуновиќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен вечерва во Белград, во населбата Вождовац, јавуваат српските медиуми.

Полициски инспектори кај актерот нашле неколку грама недозволена супстанца.

Трифуновиќ бил приведен околу 20 часот и тоа додека купувал дрога од познаник.

Уапсен е и мажот кој бил до Трифуновиќ.

Популарно