Атиџе разочарана, и скршиле 20 нови, а две стари трмки со пчели и украле

Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе, вели Атиџе Муратова, хероината од документарецот „Медена земја“. Таа за mms.mk вели дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

-Кај да бидам, тука сум со пчелите. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени а две трмки постари полни со пчели ми украле.  А годинава не знам како ќе биде,  малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Мене ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете тоа не можам да го разберам.  Јас никому не сум му наштетила, ниту сакам. Јас не сум таков човек и затоа тоа не можам да го разберам кај другите луѓе, вели разочарано Атиџе.

Додека светот се тресе од пандемија, таа деновите ги поминува во својата куќичка, со кучето и со, како што вели, здрава храна.

-Од короната си побегнав еве има  месец дена како сум во Бекирлија и никаде не мрдав. Бев на еден ден до Дорфулија и пак си побегнав.  Ама не се плашам, иако викаат дека покритични сме биле со брат ми. Тој дека постар а јас со здравјето не сум добра и затоа. Ама не ми беше страв од короната. Ми беше страв што имав висок притисок.  Од кучето што ме касна тоа се последици. Стравот.  Имав 200, десетина дена не бев добра ама сега сум.  Инаку, јас не ја ни размислувам корона. Затоа и ми е страв да гледам телевизија. Се тоа па тоа. Надеж имам дека ќе помине како и другите вируси. Ама ете во Свети Николе и светиниколско нема. Убаво се живее. Па во Бекирлија нема кој да ме зарази иако доаѓаат луѓе.  Семејството ми се добри, ме викаат на гости ама јас ретко одам, еднаш годишно.  Ако идам поретко повеќе ќе ме сакаат. Хахаха. Иако не можам да се пожалам,  ме сакаат, вели Атиџе.

Таа вчера големиот муслимански празник го помина сама во Бекирлија. Рече дека направила празнична софра, како што доликува за Бајрам.

-Имав копани, купив  нешто благо, сок и кафе.  Баклава немав. Ќе правам догодина, за другиот Бајрам, кога ќе се преселам во другата куќа.  Кога ќе помине корона па  ќе се дружиме.  Си посадив  компир,  лукче, кромитче, се е природно, ништо не ставам вештачко на нив.  Сум забележала дека ми пречи на желудникот.  Па мора така, празник е. И затоа на сите им посакувам што побрзо да помине корона, да бидеме здрави и живи да има мир. Се да биде за добро, порача таа.

Весна Миленковска

Извор: https://mms.mk/

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Популарно