Доктор Чибишев: Одлуката за вакво укинување на рестрикциите е крајно хазардерска и политичка, а не стручна

Република Македонија во последните три месеци живее во специфична состојба која јас ја нарекувам „продолжена стресна состојба“. Поголемиот број граѓаните се крајно загрижени за своето и здравјето на своите семејства, посебно за повозрасните членови на семејтвото и оние кои боледуваат од хронични болести како што се покачен крвен притисок, срцеви и белодробни заболувања и шекерна болест. Граѓаните, барем поголемиот број, преживеаја долги денови на полициски час, ограничено движење, неможност слободно да се движат и да ги практикуваат секојдневните активности.

Ова во изјава за КУРИР го истакнува професор доктор Андон Чибишев.

На прашањето: „Дали се избрза со укинување на полицискиот час и отворање на угостителските објекти“, тој вели:

„Состојбата беше до некаде смирена и бројот на новозаразени почна да се намалува и во извештаите на надлежните институции да домираат бројките на пациентите кои ја победиле болеста. Меѓутоа, во последните дваесетина дена состојбата повторно почнува да ескалира, бројките на новозаразени да се зголемува, бројот на починати исто така. И, во една таква специфична новонастаната состојба која воопшто не наликува на завршување на епидемијата, техничката влада на предлог на Комисијата за заразни болести  носи крајно хазардерска, политичка, а не стручна одлука со која ги укинува рестрикциите за движење на граѓаните (со неразбирливо образложение, дека и до сега тие рестикции никој не ги почитувал ?), носат одлука да се отворат угостителските објекти и на крајот најчудната одлука, го враќаат во функција бесплатниот превоз за пензионерите, кои до пред два дена беа дел од популацијата кои без најограничени во слободното движење во тек на денот. Моето мислење е дека ваквата одлука е крајно неиздржана, непромислена и штетна по здравјето на граѓаните, истакна Чибишев.

„Последиците на ваквата непромислена одлука според мене ќе имаат непредвидливи и несогледливи  последици  по здравјето на граѓаните. Тоа веќе секојдневно го гледаме и го слушаме. Бројот на новозаразени расте, бројот на починати расте, Македонија е меѓу државите во регионот која има најголем број на новозаразени на еден милион жители и смртност која е загрижувачка, околу 5,5 %. За споредба смртноста во државите во опкружувањето е далеку пониска од таа кај нас. (Србија околу 2 %), рече Чибишев во изјава за КУРИР.

„Несериозно  е да  бараш од граѓаните да почнат да се навикнуват на т.н. нова нормалност со која практички треба да се навикнеме на секојдневие во кое постојано треба да стрепиме дали ние или некој од нашите најблиски ќе се разболат, а за исходот од инфекцијата не сакам да коментирам. Новата нормалност за мене е разбирлива, меѓутоа, ако немаме новозаразени. Се друго е  обид на надлежните да не убедат дека треба да почнеме да се навикнуваме на живот во кој што ќе функционираме  виртуелно,  ќе живееме и ќе работиме вообичаено, а секојдневно наместо да слушаме дека бројот на новозаразени опаѓа или  дека нема веќе заразени, ние слушаме дека бројот постојано се зголемува, бројот на хоспитализирани се зголемува, бројот на новозаразени е поголем од бројот на излекувани и  дека бројот на починати загрижувачки се зголемува. На крајот би сакал да прашам дали тие кои не повикуваат да се адаптираме на новата нормалност, помислуваат на здравствените работници,  полициските службеници и сите други кои во овие три месеци вонредна состојба го понесоа најголемиот товар на кризата, дали помислуваат на нивните семејства и блиски кои секојдневно живеат во страв за нивното здравје и животи. Ако животот продолжи во ваква „нормалност“, во која секојдневно имаме голем број на новозаразени, најавата за брзи избори пред смирување на епидемијата  за мене е несфатлива, неразбирлива и крајно неодговорна, оценува професор доктор Чибишев во изјавата за КУРИР.

Извор: Курир

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно