Еве како да го рехидритирате телото и кожата после ноќна забава

На прво место се наоѓа, како што знаете и сами, водата. Најважната работа после “журкање” е добро да го рехидритирате телото и кожата.

Утрово се погледнавте во огледало и се исплашивте од одразот којшто го видовте? За отстранување на темните кругови под вашите очи, употребете парчиња краставица или компир.

Ви го откриваме и тајниот рецепт од овесни снегулки, кој со сигурност делува. Една лажица варени овесни снегулки измешајте ги со 4 лажици мед и 1 децилитар млеко. Нанесете ги на лицето и вратот и оставете ги да се исушат. Потоа отстранете ги со пешкир и уживајте во резултатите.

Медот исто така, има антибактериско својство и се користи за “смирување” на мозолчиња. Можете да го нанесете на секое мозолче одделно или да го измешате со грчки јогурт и да го користите како маска.

Морските алги во прав веруваме дека ги нема секој, но можеби би било добро да си ги набавите. Измешајте 1 децилитар маслиново масло, 3 големи лажици алги во прав, 5 големи лажици морска сол и 2-3 капки масло од лаванда. Измасирајте го целото тело и релаксирајте се.

извор: popara.mk

Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.

Популарно