Нашинец од Италија со порака: Кажете им на скопјани дека прават убиcтвo

Во моментов на Балканот само во Македонија корона вирусот „е во полн замав“,  бројките  се  загрижувачки, а за прв пат имавме и рекордни 120 заболени во последните 24 часа.

Најголемиот број на заболени се од Скопје, поради што Владата одлучи да го стави Скопје во карантин за викендот, а покрај Скопје во карантин за викендот се и Штип, Велес, Куманово и Тетово.

Сепак, оваа одлука граѓаните ја дочекаа „подготвени“, па откако им се најави ден порано, тие веќе испланираа и пред почеток на вечерашниот полициски час, веќе се обезбедија односно заминаа од местата каде ќе има државен карнтин, пред се одејќи во туристичките места како Охрид, Дојран, Струга, Маврово, Берово…

Тоа го испровоцира читател на нашиот портал Читај, кој ни испрати порака, во која директно ги обвини оние што патуваат за убијци, а зошто е тоа така, прочитајте во продолжение.

-И додека овде во Италија корона вирусот повеќе не е толку тема број еден како што беше, за жал, мислам дека во Македонија допрва ќе биде, би сакал да грешам, ужасно многу да грешам, ама според она што го гледам, едноставно не можам да премолчам.

Знаете ли зошто во Италија беше толку опасно, целата ситуација со корона вирусот? Е поради таквите како оние сега во Македонија, кога ќе прогласеа карантин во поголемите градови, кои беа опасност и жариште од корона вирусот, господата заминуваа од таму и одеа во помалите населени места, а со тоа успеаа само во едно – го пренесоа корона вирусот низ повеќе делови од државата. И тогаш настана хаосот.

Наместо скопјани да си останат во Скопје, вирусот да биде познат каде е и да се делува на време, тие денес го расширија низ цела Македонија, пред се на пат кон Охрид, каде денес гледајќи ги фотографиите на социјалните мрежи, едноставно не издржав и пуштив солзи. Дури плачев, низ глава ми поминуваа сите страшни слики од Италија со корона вирусот, тоа никогаш нема да го заборавам.

Дали вие кои денес заминавте од градовите каде има карантин се чувствувате среќно, дали вие сте најпаметни на овој свет, дали вие имате грам совест и свест. Да ви кажам нешто на сите вас, вие сте УБИЈЦИ. Можеби некој ќе рече дека ова е премногу остро, ама јас нема да ви молчам, вие не сте ништо друго освен УБИЈЦИ, луѓе кои свесно ставате други човечки животи под ризик, зошто? За да ви биде удобно, затоа што не може да издржите во карантин неколку денови? Срам и арам да ви е!

Карантинот ќе заврши, здравје Боже, ќе заврши и корона-вирусот. Сакам јавно да ве прашам сите вас, сите што заминавте денес од својот град во друг град: Дали можете мирно да спиете, знаејќи дека поради вас некој друг заболел од корона вирус и некој друг починал од корона вирус, поради вас!

На самиот крај ќе ви испратам една грозоморна фотографија овде од Италија, каде поради корона вирусот немаше погреб на луѓе, се погребуваа бројки секој ден, бројки. ЖАЛНО!

Застрелан познат пејач, докторите се борат за неговиот живот

Познатиот француски пејач Кенџи Жирак (27) бил застрелан во градите, по што бил сместен на одделението за интензивна нега.

Престрелката се случила во Бордо. Пејачот моментално се бори за живот во Универзитетската болница во Бордо, јавуваат странските медиуми.

Нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарош.

-Беше во кампот за патници каде беше ранет од огнено оружје – рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часа и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

-Во меѓувреме, итните служби згрижија тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош и итно беше пренесен во болница – додава упатениот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „Глас во 2014 година, беше објавено дека животот на пејачот е во опасност.

Жирак е татко на едно дете. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во карван и како работел физички работи откако го напуштил училиштето на 16 години, пишува Дејли Мејл.

Приведен ученикот што претепа наставничка и нападна соученици

Полициски службеници го лишиле од слобода ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари. 

Популарно