Дали е во тек нарачан прогон за Митрополитот Агатангел Повардарски?

Деновиве во тек е „нарачан прогон “ за Митрополитот Агатангел Повардарски поради повик верниците да дојдат во дворовите на црквите и да го чествуваат еден од големите христијански празници Задушница. Очигледно некој несака или намерно незнае што е јавен простор и јавен собир, а што двор на црква. Секако дека граѓаните кои би се решиле да се одзват на повикот од Повардарската епархија би се заштитиле соодветно според препораките.

Доколку на некого му смета македонизмот на Митрополитот Агатангел Повардарски зошто не му смета неофашизмот на солунскиот Митрополит Антимос на кого секоја неделна литургија устата му е полна со клетви и воени закани кон Македонија и македонскиот народ. Дали за ова некој некогаш има реагирано. За жал да но тоа беше поранешниот грчки премиер Ципрас кој повика Антимос да се воздржи но секако само додека се ,,реши,, името Македонија на наша штета.

Единствениот грев за кој е спроведен овој нарачан прогон на Митрополитот Агатангел Повардарски е неговиот македонизам присутен во скоро секоја литургија. Тоа е главниот проблем и причина за овој нарачан прогон најавен вчера утрината, а експресно спроведен за неколку часа.

И уште еднаш ќе се повторам со вчерашниот статус:

Постапката против Митрополитот Агатангел Повардарски е беспредметна по две основи:

1. Според Законот за јавните собири во член 2 став 2 алинеа 1 е дефинирано дека: ..Не се смета за јавен собир во смисла на ставот 1 на овој член: - верски обреди што се одржуваат во простории наменети за верски цели..

2. Според член 18 став 6 од Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група ,,Никој не смее да ги попречува свештените лица и верските службеници од цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија во извршувањето на нивните верски активности во јавните верски објекти и таму каде што тоа е дозволено согласно со овој закон,,.

Досега Владата нема донесено Уредба со која се суспендираат овие два члена од цитираните закони. Очигледно надлежните власти не се искрени во грижата за здравјето на граѓаните и дека ваквите постапки служат за дневна занимација на истите. Да имаа сериозен пристап и кадарни луѓе немаше на ваков шверцерски и шалабајзерски начин да оцрнуваат личности за дневно политичка потреба.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Популарно