(Фото) Нè избрка кога слушна на кој јазик зборувам

Во очекување ЕУ да ја објави листата на држави чии грагани од први јули ке можат слободно да влегуваат во земјите на Унијата, грчките власти ги објавија своите протоколи за влез на патници.

Од среда сите оние кои ке патуваат во Грција ке мора најмалку 48 часа пред пристигнување да пополнат формулар за лоцирање патници. Во специјалниот образец што е достапен на сајтот travel.gov.gr ќе треба да се наведат личните податоци, сите детали за престојот, претходните дестинации.

По пријавувањето се добива единстевниот баркод кој заедно со попополнетиот формулар, на мобилен или вопечатена верзија, ќе мора да се покаже на граничните премини.

Доколку во Грција патувате со кола или автобус, по проверка на овој код патниците во придружба на безбедносните служби ќе бидат упатени во секторот за скрининг или ќе им биде дозволено да продолжат до крајната дестинација, со инструкции од граничните служби како да се однесуваат во случај да добијат симптоми на респираторна инфекција, при што ке мораат веднаш да се пријават во Центарот за јавно здравство, стои во протоколот.

Оние кои ке бидат упатени на скрининг, ќе треба да останат на наведената крајна адреса во Грција во самоизолација се до пристигнувањето на резултатите од тестирањето, се вели во правилникот на грчките власти.

Според протоколот сите патници кои влегуваат во Грција ќе мора да ги почитуваат мерките за хигиена и заштита, носење маски и одржување дистанца.

Дали ова ке важи за македонските грагани ке се стане појасно утре кога Унијата конечно ке излезе со конечната листа на држави за кои ке ги отвори границите без корона тест и самоизоалција.

Последните информации велат дека на списокот на 19 безбедни држави не се наоѓа Македонија. На последната листа објавена од грчката Влада земјава беше меѓу останатите 29 на кои беше планирано да им биде дозволен влез од 1-ви јули, без рестриктивни мерки. Оваа листа би требало да се ажурира на секои две недели во согласност со тоа како се развива ситуацијата со Ковид-19.

Она што Јулијана го преживеала на грчка плажа денеска ги разгори коментарите на социјалните мрежи. Лошото искуство со келнерот оваа Србинка го сподели на групата „Live form Greece“, по што следуваа доста коментари со поддшка:

Денес мојата ќерка и јас доживеавме и навреда, но и разочарување. На сликата се гледа плажата на која уживавме од 21 јуни, како и Гркот кој после шест дена посетување буквално нè избрка од плажата.

Се сместивме на лежалките околу 8 наутро, а кога тргнавме да влегуваме во море, се појави овој келнер и ладно ни рече да одиме подалеку од тука, зошто веќе не можел да не гледа. Кога го прашав зошто, рече зошто МРАЗЕЛ СРБИ. Многу ме погодија неговите зборови. Ми дојдоа солзи и затоа не сакав да одам.

Побарав да зборувам со газдата, но келнерот ми рече дека тој е газда, што не верувам и после со раката ни покажа да си одиме од лежалките. Ова ми е 16-та година како доаѓам во Грција и никогаш не сум доживеала вакво нешто, сподели Јулијана.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно