Сирење и зеленчук – вкусна комбинација.
СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
1 чешне лук
тиквица
2 компири
2 моркови
неколку маслинки
моцарела
фета сирење
масло
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте ги и исчистете ги компирите и морковите, исечкајте ги на коцки и згответе ги до половина. Во сад на масло пропржете сечкан кромид, па додајте исцедени компири и моркови, како и останатиот зеленчук исечкан на коцки. Сѐ лесно измешајте да не се распадне.
Кога ќе се изедначи, ставете во рерна и печете десетина минути на 220 степени. Пред крај, преку зеленчукот растопете сирења и вратете во рерна да се запечат со зеленчукот.
Извор: Готви.мк