Дали е пронајден лек за kорона вирусот?

Дали само неколку недели се во прашање кога ќе биде можно масовно производство на лeкот кој ќе се покаже како најуспешен?

Светската здравствена организација  очекува во следните две недели да ги добијат првите резултати од клиничкото тестирање на лeковите кои би можеле да бидат ефикасни во лечењето на Ковид-19, изјави генералниот секретар на Организацијата Тедрос Адхан Гебрејесус.

Шефот на СЗО за вонредни ситуации Михаел Рајан предупреди дека не е мудро да се предвидува кога вакцината за Ковид-19 ќе биде подготвена за масовна дистрибуција.

Тој изјави дека е прашање кога ќе биде можно масовно да се почне со производство на лeкот за Ковид-19.

Борбата може да започне

Инаку, деновиве и Европската комисија даде условна дозвола за ставање во промет на лeкот Ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лечење на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европската унија.

Во Брисел наведуваат дека одобрувањето за Ремдесивир е издадено по забрзана постапка по препорака на Европската агенција за лeкови која ја усвоиле и државите членки на ЕУ 27. Се додава дека овој пат издавањето на одобрението траело само недела дена од препораката на Европската агенција за лeкови во однос на вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично и е потребно за да одобри некој производ.

Комесарката задолжена за здравје Стела Кириакидес нагласува дека со ова е направен значаен чекор во борбата со вирусот

„Фактот дека одобрението го дадовме за помалку од месец дена од поднесувањето на барањето, покажува колку ЕУ е подготвена што побрзо да реагира кога ќе се појави некој нов лeк. Ќе ро поместиме секој камен обидувајќи се да обезбедиме ефикасно лечење или вакцина против корна, изјави Кириакидес.

Во Комисијата наведуваат дека Ремдесивир сега е дозволен за условно да се стави во промет што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се осигура ран пристап до лeковите потребни како одговор на итни ситуации како што е на пример и сегашната пандемија.

Што е Ремдесивир?

Ремдесивир е антивирусен лeк развиен од американската биофармацевтска компанија „ Gilead Sciences.“. Тоа е нуклеотиден аналог, поточно аденозински аналог, кој се вметнува во вирусните РНК синџири, предизвикувајќи нивно предвремено прекинување. Овој лeк се изучува како можен пост-инфективен третман на КОВИД-19 (предизвикан од РНК вирус). На 29 април 2020 година, американскиот Национален институт за алергија и заразни болести ги објави прелиминарните резултати од студијата која покажува дека ремедивир го скратува времето за закрепнување за хоспитализирани пациенти со напреден СОВИД-19 и заболувања на белите дробови.

Ремдесивир првично беше развиен за лeкување на болест предизвикана од вирусот ебола (кој исто така е РНК вирус).

Ремдесивир е создаден и развиен од „Gilead Sciences“, под водство на научникот Томас Цилар, како третман за заболување од вирусот ебола и инфекција со вирусот Марбург. Оваа компанија откри дека Ремдесивир има антивирусно ин витро активност против повеќекратни филовирус, пнеумовируси, парамиксовируси и коронавируси.

Во наредните шест месеци ќе се одреди иднината на Европа

Покрај тоа што Европската унија забрзано работи во борбата со корона вирусот, Ангела Меркел ги повика европските лидери да постигнат договор и за фондот за помош во справување со економските последици што ги предизвика пандемијата на која крајот се уште не и се гледа.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа се соочува со најтешката ситуација во историјата, но истовремено и предупреди дека пандемијата со корна вирусот не исчезнала.

„Секој ден гледаме дека вирусот НЕ си замина“, изјави Меркел на заедничката видео конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Според нејзините зборови, пандемијата ја стави на тест способноста на Европа да се држи заедно. Затоа германската канцеларка ги повика европските лидери да постигна заеднички договор за фондот за помош на ублажување на економските последици на коронавирусот.

Фон дер Лајен зборувајќи од Брисел изјави дека почетокот на германското претседавање со Европската Унија доаѓа во клучен момент и додаде дека „во наредните шест месеци ќе се одреди иднината на цела Европа“.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно