Видео: Ова е вистински рибар !

ЗСР „БАБУНА“ - Велес на својот  ФБ профил објави:

„Утрово од страна на нашиот член и натпреварувач во крапска лига на Zsr Babuna Veles ,Борче Тодоровски, изваден е амур со тежина од 23кг. Истиот амур е вратен назад и повторно плива во водите на Велешко Езеро.

Ова е само показател од младите и надежни спортски риболовци, како треба да се однесуваме со уловените капитални примероци, за во иднина да имаме води богати со вака убави риби.

Нека ова воедно биде пример за сите оние кои што мислат дека секоја риба треба да заврши на трпеза или во рибарска продавница.

Браво Борче и ти посакуваме многу вакви риби во понатамошните денови на вода.“

Ѕвездата на Јувентус одмара Охридско Езеро

Дејан Кулушевски- швеѓанец со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, одлучи дел од летниот одмор да го помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Really livin life..🙏

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on

Роналдо го напушта Јувентус

Неофицијално Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и постои можност тој наскоро да го напушти клубот од Торино.

Весникот “Footmercato” пишува дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, веќе стапил во контакт со спортскиот директор на ПСЖ и дека на големо се работи на трансферот на Португалецот во францускиот клуб.

Во случај ПСЖ да успее да го доведе Роналдо ќе има неверојатен покер од асови на теренот- Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди.

Ботас ќе тргне од пол-позицијата на патеката „Силверстоун“

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботaс, беше најбрз на денешните квалификации возени на патеката „Силверстоун“ во чест на јубилејот 70-годишнина во Формула 1.

Второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Нико Хулкенберг од Рејсинг Поинт и Макс Верстапен од Ред Бул.

Уште еден лош ден имаа пилотите на Ферари. Шарл Леклер ќе тргне од осмата позиција, а Себастијан Фетел од 12-та.

Главната трка ќе се одржи утре со почeток во 15:10 часот.

Популарно