Објавена видео снимка од Шекеринска и Катица Јанева во домот на Боки 13

Видео снимка со наслов „Боки 13 со другарките“, се појави на Јутјуб канал со истото име, на кое се гледа како осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, најверојатно во неговиот дом седи со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која исто така доби затворска казна за истиот случај.

Видеото не содржи аудио запис, а се гледа дневниот престој во домот на Бојан Јовановски, каде тројцата се седнати во опуштена атмосфера следејќи ја телевизијата зад која стоеше Боки-13.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно