(АУДИО) Милошоски и Јанкулоска договараат да се преврти камион со песок, за да се блокираат гласачи на аеродром

Нова аудио снимка именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ е објавена на Ју Тјуб.

Во бомба се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Тие договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои следуваат од странство на охридскиот аеродром до седум часот, а Милошоски дополнително предложува патниците да се задржат и од страна на царинските службеници.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно