Приведени тројца крадци на велосипеди кои краделе по подруми и станови во Скопје

Единицата за внатрешни работи Карпош притвори тројца крадци на велосипеди кои краделе по подруми и станови во Скопје. Досега се пронајдени и одземени 26 велосипеди.

Како што соопшти МВР, при  преземени мерки и активности лишени биле од слобода Е.М. (24) и А.И. (22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди и Х.К. (53) од Скопје поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“.

– Двајцата првопријавени извршувале кривични дела „тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови. Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ, информираат од МВР.

Од полицијата ги повикуваме сите оштетени граѓани во ПС Карпош, секој работен ден од 9 до 15 часот за препознавање на велосипеди.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно