Македонија утре добива нов Парламент

Она што е предвидено за конститутивната седница е изборот на Комисија за избори и именувања од која ќе зависи и изборот на нов собраниски спикер. Тоа е првата точка на која може да се види дали е веќе договорена соработка за идна Влада. Собраниски извори велат дека ако нема договор седницата може да биде прекината, слично како во 2016 година. Од Собраниската прес-служба информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита, седницата ќе се одржи во Големата сала каде има место за 600 лица, а на пратениците вкупно 120, поканетите гости и медиумските работници на влезот од Собранието ќе им се мери телесна температура. Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на физичка дистанца помеѓу пратениците Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието позната во јавноста како Голема купола.

За утре точно напладне, собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа конститутивната седница на новиот 10-ти по ред собраниски состав. Седницата ќе ја води најверојатно тој, и покрај тоа што до денеска  беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје со воспаление на белите дробови, но со негативен резултат на ковид-19. Џафери, денеска во телефонскиот разговор за весникот ВЕЧЕР само кусо одговори дека  веројатно тој ќе претседава со конститутивната седница.

Но, дури и Џафери да не се чувствува добро седницата може да ја продолжи друг од избраните пратеници. Според собранискиот Деловник претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата.

Веднаш потоа тој треба да предложи и Верификациона комисија од претседател и 4 членови од пратеници од различни политички партии за верификација на мандатите на народните избраници.

Она што е предвидено за конститутивната седница е изборот на Комисија за избори и именувања од која ќе зависи и изборот на нов собраниски спикер. Тоа е првата точка на која може да се види дали е веќе договорена соработка за идна Влада. Собраниски извори велат дека ако нема договор седницата може да биде прекината, слично како во 2016 година, но велат дека ни оддалеку не е можно повторување на 27 април.

Од Собраниската прес-служба информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита, седницата ќе се одржи во Големата сала каде има место за 600 лица, а на пратениците вкупно 120, поканетите гости и медиумските работници на влезот од Собранието ќе им се мери телесна температура.

Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на физичка дистанца помеѓу пратениците Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно со картончиња, во текот на денот ќе бидат дезинфицирани сите простории каде се предвидени активности.

На седницата се поканети претседателот Пендаровски и премиерот Спасовски и министрите, лидерите на политичките партии застапени во Собранието, поранешните претседатели на државата, претседателите на Уставниот и Врховниот суд,  на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, претседателите на МАНУ и Државната изборна комисија, претставници на верските заедници и дипломатскиот кор во Македонија. Сите тие седницата ќе ја следат од пленарната сала каде исто така ќе биде обезбедена дистанца.

Со конституирањето на собранието почнува да тече и рокот за состав на новата Владата. 10 дена по седницата односно до 15 август, шефот на државата Пендаровски ќе треба да го додели мандатот за составување на новиот владин кабинет. Мандатарот во рок од 20 дена до пратениците ќе треба да го достави предлогот кој треба да добие поддршка од најмалку 61 народен избраник.

Неколку сценарија вртат низ собраниските кулоари за тоа како би се одвивала конститутивната седница од која ќе зависат и роковите за формирање на нова Влада, а пред сè имајќи ги предвид речиси изедначените резултати во македонскиот и албанскиот блок на партии.

Официјално СДСМ и ДУИ велат дека преговори ќе има по конститутивната седница и доделувањето на мандатот за формирање на Влада од шефот на државата.Од ВМРО-ДПМНЕ кои исто најавуваат преговори за Влада не откриваат со кого разговараат.

На страна се држи и Коалицијата на Алијанса и Алтернатива. Од Левица, чии двајца пратеници можат да бидат клучни за ВМРО-ДПМНЕ, велат дека засега остануваат во опозиција, а во никој случај не сакаат да бидат партнери со СДСМ или ДУИ.

Уапсен познатиот актер Сергеј Трифуновиќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен вечерва во Белград, во населбата Вождовац, јавуваат српските медиуми.

Полициски инспектори кај актерот нашле неколку грама недозволена супстанца.

Трифуновиќ бил приведен околу 20 часот и тоа додека купувал дрога од познаник.

Уапсен е и мажот кој бил до Трифуновиќ.

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Украле цел сеф со пари од менувачница во Чаир

Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека непознати лица влегле во менувачница во Чаир и одзеле сеф кој бил полн со пари. Возилото со кое е извршена кражбата е пронајдено подоцна на паркинг исто на територијата на Чаир.

„На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Популарно