Министерката Ангеловска за девет месеци трипати го менувала анкетниот лист како резултат на промени поврзани со депозитот во „Еуростандард банката“

Министерката за финансии од септември лани, до јуни годинава три пати го менувала анкетниот лист, тврдат антикорупционерите. Според нив, Нина Ангеловска за 9 месеци  од својата  заштеда во Еуростандард банка подигнала вкупно 240,844  евра, од кои над 110,000 евра само во јуни.

Кога точно се повлекувани парите Антикорупциска нема точен датум, но по законската обврска промената се прави во рок од 30 дена. Претседателката на антикорупциска вели го анализираат случајот.

Ангеловска уште синоќа негираше дека постои поврзаност со повлекувањето на средствата со ситуацијата во банката.

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите истражувачи да ги разгледаат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка“, соопшти Министерството за финансии.

Дали министерката навремено ги повлекла парите од банката, одговори од неа бара и опозицијата.

Од владејачката СДСМ, пак уверуваат дека и покрај одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка, банкарскиот систем во земјава е стабилен.

Граѓаните можат да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и ликвиден. Спокојни треба да бидат и лицата депоненти во банката, бидејќи нивните депозити согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени и ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити во износ до 30.000 евра по лице во денарска противвредност.

Инаку вчера пропадна Еуростандард банка. Народна банка и ја одзеде дозволата за работа на банката, бидејќи издавала кредити без соодветно покритие. Во наредните 20 дена на 136. 619 штедачи треба да им бидат исплатени речиси 72 милиони евра кои ги чувале во банката.

Бислимовски: Од една страна возите скапи автомобили, а од друга се жалите дека струјата ви е скапа

Првиот човек на РЕК, Марко Бислимовски вели дека граѓаните кои на протестите против поскапувањето на струјата доаѓаат со екстремно скапи автомобили не треба да имаат никакви повластици. 

„Како што гледате имаме и протести на кои што штрајкуваат и граѓани кои што имаат екстремно скапи автомобили и сметам дека овие категории на граѓани не треба да добијат никакви повластици“, рече Бислимовски. 

Како можно решение ублажување на ударот врз граѓаните е намалувањето на ДДВ. За ова решение допрва треба да се разговара во Владата. 

Се разгледува и опцијата за проширување на кругот на граѓаните кои ќе бидат финансиски помогнати да ги покриваат трошоците за електрична енергија.

КСС: Сите кои останале без работа да се ослободат од плаќање на струја и вода

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска повторно побара да се ослободат од плаќање на режиски трошоци за струја и вода сите кои останале без работа по кој било основ.

Од КСС бараат и дополнителни шест месеци мораториум за кредитите за сите работници кои не се во можност да започнат со исплаќање на ратите на кредитите.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска повторно побара да се ослободат од плаќање на режиски трошоци за струја и вода сите кои останале без работа по кој било основ.

Од КСС бараат и дополнителни шест месеци мораториум за кредитите за сите работници кои не се во можност да започнат со исплаќање на ратите на кредитите.

Македонија со најскапа струја во Европа и најсиромашен народ

Одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика пред еден месец за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја предизвика бурни реакции во јавноста.

Граѓаните на Македонија се втори на листата по плаќање најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.

Ако се спореди цената на струја во однос на просечната плата, според пресметките на платформата Рефлектор, направени врз основа на податоците објавени од Еуростат, струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Така на пример, еден мегаватчас електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.

Со поскапувањето на струјата за 7,4 проценти сметките ќе пораснат во просек за 180 денари месечно, односно 2. 200 денари годишно. Ова значи дека секое домаќинство со просечна потрошувачка за една година ќе треба да плати дополнителни 2. 200 денари повеќе за струја. Ова е плус оптеретување по џебот на граѓаните. Ова поскапување на цената на струјата дополнително оптеретува 564 000 домаќинства во Македонија годишно само по основ сметка за струја.

Според економските аналитичари во земјава, ние сме во трите најсиромашни земји во Европа, според Еуростат, и затоа се реагира на поскапувањето на струјата особено во оваа состојба на пандемија. Со поскапувањето на цената на струјата растат и трошоците за живот што е директен удар врз џебот на граѓаните.

Популарно