Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии?

Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини денеска Орхан Муртезани од „Вреди“, кој денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.

Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, рече Муртезани, а пренесе „Алсат“.

Дураку, кој е носител на листа за ДУИ во ИЕ1, иако е поранешен министер и долгогодишен функционер на албанската партија, македонската јавност го памети како човекот кој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го доби прекарот Командант Вентили.

(Видео) Таско ќе стане татко по вторпат, со сопругата го открија полот на бебето

Раперот Христијан Тасковски Таско и неговата сопруга Наташа ќе добијат второ дете. Тие стапија во брак во мај 2023 година,а во јуни 2023 го добија синот Лукијан.

Со слатко видео на социјалните мрежи преку торта открија дека очекуваат ќерка. Двајцата се пресреќни за веста, а Наташа се гледа дека не може да ги задрже солзите од среќа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Затворени гласачките места

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Одѕивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

Според првичните оценки на ДИК, МВР и набљудувачите, изборниот ден помина мирно и без проблеми.

Вчера, ден пред изборите, гласаа иселениците, лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

Популарно