Вкусен и брз ручек кој ќе го обожавате!
СОСТОЈКИ:
500 гр макарони
500 гр спанаќ
1 л јогурт
300 мл млеко
3-4 јајца
150 мл масло
1,5 лажичка сол
малку зачин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Намастете тепсија или огноотпорен сад. Ставете макарони.
Разматете со жица јајца, додајте масло, млеко, сол, јогурт и исечкан спанаќ. Сѐ измешајте и ставете преку макароните,млаку измешајте во тепсијата. Покријте со фолија и печете во веќе загреана рерна на 220 степени 30 минути, тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути да фати малку кора од горе. Послужете со чаша јогурт или салата.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: