Србија: 18 годишно момче погодено во глава додека возел, уапсени тројца осомничени

Србија вчера попладне беше потресена од свирепо убиство, во кое животот го загуби 18 годишно момче.

Пукањето се случило вчера околу 17 часот, во Бањица, а покрај настраданиот 18 годишен Филип Л., бил повреден уште еден млад човек, Алекса Ѓ., кој има 21 година. Тој е ранет во ногата и има повреди на главата.

Филип бил застрелан во главата и останал мртов на самото место. Тој потоа долго останал на улицата облеан во локва крв, се додека не завршиле потребните процедури за истрагата.

Како што пишуваат српските медиуми, ранетиот Алекса Ѓ. на полицијата и е познат од минатото за неовластено производство и дистрибуција на наркотици, спречување службено лице во вршење службени должности, насилно однесување, како и кражба.

Според неофицијални информации, тој бил на возачкото седиште во автомобилот, додека убиениот млад човек седел зад него.

Филип живеел недалеку од местото на злосторството. Напаѓачите пукале кон мажите со огнено оружје, при што Филип бил застрелан во главата.

Полицијата уапсила тројца осомничени кои го убиле младиот човек, а другиот го раниле сериозно. Имено, со молскавична акција и блокада на тој дел од Белград, полицијата успеа да ги фати тројцата браќа осомничените за злосторството.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно