Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Министерот за здравство  Венко Филипче  на денешната прес-конференција најави евентуални нови рестриктивни мерки поради влошување на состојбата со Ковид-19

Тој рече дека целта е да се избегнат рестрикции на движење и закочување на економијата, но ако е нужно, и тоа ќе се направи.

Доколку се влоши состојбата, како мерки кои во следниот период ги планира Комисијата за заразни болести се задолжително носење на маски на отворено, ограничен број на лица на маси во угостителски објекти, забранети групирања надвор и во семејствата, забранети настани, силни контроли, намалување на капацитетот на јавниот превоз

„Ако сега се почитуваат сите мерки нема да ни треба никакви ограничувања. Ова се поблаги рестрикции за да не стигнеме до некои поригорозни мерки. Спремаме план бидејќи видовме искуство од другите земји,“ рече Филипче и додаде дека ќе се воведат ако се оцени дека корона вирусот неконтролирано се шири, а карантин не се планира.

Тој упати апел за почитување на мерките, за да не мора рестрикциите да ја закочат економијата што би значело губење на работни места, но и оптоварување на здравствениот систем

Вкусно јадење од зеленчук и месо

Ручек кој ќе ви се допадне на сите!

СОСТОЈКИ ЗА ШНИЦЛИ:

300 гр мелено месо

1 мала главица кромид

1 мало парче леб потопено во млеко

2 чешниња лук

малку црвена пипер

1 јајце

сол

бибер

СОСТОЈКИ ЗА КОМПИР И ЗЕЛЕНЧУК:

500 гр компири на кругови

малку кашкавал

1 црвена пиперка

1/2 тиквица

1 главица црвен кромид

масло

200 гр кисела павлака

1 јајце

малку млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во меленото месо додајте ситно сечкан кромид и лук, исцеден леб, малку пипер, јајце, сол и бибер и добро изедначете со раце. Правете мали фаширани шницли.

Компирот и зеленчукот посолете ги, побиберете и измешајте. Во намастен плех редете зеленчук, а помеѓу фаширани шницли и кашкавал. Уште малку намастете. Печете на 200 степени околу 50 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Готви.мк

Ова се намирници кои содржат најмногу витамин Д !

Витаминот Д е многу важен во исхраната бидејќи спречува развој на депресија и ги зајакнува имунитетот и коските, а неговиот недостаток е поврзан со развој на деменција и рахитис. Често се наведува дека најбогат извор на витамин Д се храна од животинско потекло. Што е точно, но еве и неколку решенија кои вклучуваат веганска диета.

Еве список на храна што содржи најмногу витамин Д.

Риба 

Општо е познато дека рибата содржи многу хранливи материи, а лососот е дефинитивно еден од најдобрите извори на витамин Д. Сепак, не секој може да си дозволи да ја купи оваа храна, па добрата вест е што можете да ја најдете и во конзервирана туна или сардини. 

Млеко 

Vеруваме дека нема да бидете изненадени што оваа листа вклучува храна со која пораснале многу генерации. Само имајте на ум дека млекото со помал процент на маснотии има и помалку витамин Д. 

Jајца

Се разбира, како и со друга храна, јајцата не треба да се претеруваат, а најдобрите се органски и свежи, произведени на фарма каде што пилињата се на отворено. 

Свинско месо 

Ако сакате месо, најдобриот начин да го зголемите внесот на витамин Д е да јадете повеќе свинско месо. Во суштина, месото генерално не е најдобар извор на овој витамин, но од сите видови месо, свинското содржи најмногу, особено кога станува збор за ребрата. 

Житарки

Претпоставуваме дека досега веројатно сте прочитале дека житарките не се најдобриот избор за појадок. Но, како и со друга храна, сè зависи од тоа како јадете и колку ја консумирате оваа храна. Ако не претерате, тоа ќе биде одличен извор на хранливи материи, вклучително и витамин Д 

Шитаке печурки 

За жал, во растителниот свет нема многу витамин Д, а печурките не се исклучок - од сите видови, шитаке содржи најмногу. Едноставно ставете ги во омлет и ќе добиете вкусно јадење полно со витам

Тава ароматичен микс

Направете ручек ароматичен микс.

СОСТОЈКИ:

4 компири

2 моркови

500 гр. печурки шампињони

1 кромид

маслиново масло

кари, вегета, сол, бибер, црвен пипер, оригано и босилек

ПОДГОТОВКА:

Се сече компирот на кругови, се сечат и морковите, а шампињоните само се чистат.

Се сече и кромидот на кругови, се меша се во тава со сите зачини и пола шолја топла вода, како и масло.

Се пече на загреана рерна на 200 степени половина час.

Извор: Готви.мк

Популарно