Eлена Ристеска : „Ако не најдам партнер ќе посвојам дете“

Познатата македонска пејачка Елена Ристеска од неодамна започна нов бизнис, своја козметичка линија наречена Ера. Овие денови таа гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, од каде идејата за „ЕРА“, за музиката, за својот приватен живот.

Ристеска прозбори и за својот љубовен живот.

Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене“ вели Ристеска и додава:

„Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.

На прашањето дали размислува за мајчинство, таа вели:

„Сите ние на 30тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си посвојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“ додава Елена.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

https://skopje24.mk/

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Популарно