Во тек се прегледите на повредените војници на АРМ во сообраќајната несреќа

Шестнаесетмината припадници на Армијата и возачот на автобусот се уште не се сместени на одделенијата во штипската клиничка болница, бидјеќи во тек се прегледите снимањата на повредените од страна на хирузи и ортопеди.

Портпаролот на Клиничката болница Марина Шуманска вели дека според лекарите ниту еден од нив не во животозагрозувчака состојба, а повредите се од типот на скршеници и набиеници.

-Моментално се на иследување, снимања на абдомени, глави и граден кош за да се одреди точната дијангостика. Според мислењето на лекарите се со телесни повреди и се надовор од живтна опасност, вели Шуманска.

Сообраќајната несреќа во која што се повредени 17 лица од кои 16 се припадници на АРМ, а еден е возачот на автобусот, се случи утринава пред седум часот на патот Штип-Радовиш кај местото викано Осми километар.

Несреќата се случи при судир меѓу автобус и комбе, а надлежните треба да соопштат кои се причините откако ќе го завршат увидот на местото на настанот.

Ова е втора ваква несреќа на патот Штип-Радовиш во која учествувале и се повредени припадници на АРМ.

Пред неколку години, исто така, автобус со кои се превезуваа војници на АРМ учествуваше во сообраќајна несреќа кај местото викано Дваесет километри.

Тогаш војниците се враќаа од своите работни места од касарните од Скопје и Штип кон Радовиш и Струмица.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно