Ова се физички симптоми на анксиозност и депресија предизвикани од повеќемесечната работа од дома

Дали чувствувате проблеми со стомакот, забрзано чукање на срцето, стегање во градите или грлото, напнатост, зголемено потење, сува уста, пецкање по телото, главоболки, бурно реагирате, губите интерес, мотивација, желба, волја, замор, загуба на енергија и вознемиреност? Ова се физички симптоми на анксиозност и депресија предизвикани од повеќемесечната работа од дома како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Работата од дома може да има свои предности, но честопати претставува опасност за менталното здравје, особено во толку долг период каде што се бришат сите граници помеѓу деловното и приватното, нема многу физичка активност и социјален контакт, а работниците се често достапни 24 часа на ден.

Психолозите во Босна и Херцеговина предупредуваат на ова и ги повикуваат граѓаните кои чувствуваат последици да контактираат со центрите за ментално здравје што постојат во речиси сите општини, особено затоа што е неизвесно кога ситуацијата ќе се врати во нормала или кога работните места ќе бидат безбедни за враќање. „Од онлајн состанок во дневната соба, одам во кујната да направам ручек, а потоа на часови преку Интернет, бидејќи секако детето не знае како да го започне сето тоа“, го опишува своето искуство една жителка на Сараево. „На почетокот, кога не ставија во карантин, ми се допадна затоа што не сакам да работам во своето опкружување на работа“, продолжи да раскажува и додава дека по некое време сите задачи и одговорности почнаа да се натрупуваат и се појавиле првите последици. „Мора да ги завршите своите работните обврски, мора да ги завршите и неговите, затоа што тој не го знае тоа, а во исто време да направите и ручек. Вие не се движите никаде, а мажот не е свесен за тоа сè додека не помине одредено време и дури тогаш ги гледате тие физички последици, а кога ќе започнат расправии со вашиот сопруг, децата, најблиските, дури тогаш гледате колку сте под стрес. По два месеца сфатив дека сето ова има големи психолошки последици врз мене “.

Долготрајна, исцрпувачка работа

Ремзи Шетиќ, психолог во Центарот за ментално здравје во Стари Град, вели дека постојано добиваат повици од луѓе кои бараат поддршка поради стресот што се јавува во однос на осаменост, изолација, анксиозност и депресија. „Затоа е исклучително важно да се следи, бидејќи шест месеци се долг период на таков начин на работа. 

Всушност, обично се случува луѓето да се вознемирени подолго време. Во еден момент, на сите ни одговараше, луѓето едвај чекаа, но ова трае веќе подолго време и е исцрпувачко, особено затоа што произведува друг вид криза, бидејќи предизвикува голема несигурност кај луѓето. Сите се прашуваме кога ова ќе заврши “. Шетиќ додава дека особено им се обраќаат родителите кои сметале дека е исцрпувачки да работат од дома и истовремено да следат часови на Интернет со своите деца, а стравот од ваквите обврски им се враќа сега кога започнува новата учебна година, додека експертите најавуваат црни прогнози за зимата и есента и можеби повторно затворање. „Луѓето кои сега работат од дома не можат да ја воспостават таа граница во однос на другите луѓе кои им поставуваат задачи, па затоа често се случува да добијат работни задачи во различно време во текот на денот, па дури и ноќе, а потоа тоа се претвора во долга, исцрпувачка работа, особено во оние професии каде што има таков притисок да се постигнат одредени достигнувања, објаснува  Шетиќ.

Зголемена употреба на лекови

Како резултат на анксиозност и депресија, зголемена е и употребата на антидепресиви и лекови за смирување. Нема официјална статистика за земјите од регионот, но лекарите, фармацевтите и експертите посочуваат дека тие го забележуваат овој тренд. Наташа Јокиќ Бегиќ, професорка на Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет во Загреб, рече дека генерално, за време на пандемијата, била нарушена менталната состојба, особено кај луѓето кои се инаку чувствителни. Таа исто така истакна дека кризата со коронавирусот особено ги погодила луѓето кои се сами, особено оние кои работеа од дома. „Работам од дома од март, живеам сама, а вработена сум во фармацевтска компанија“, вели една жена од Сараево која не сака да и се спомене името. „Беше многу стресно на почетокот, бев цело време достапна, работното време беше продолжено, луѓето испраќаа е-пошта во 19 часот и велеа дека им треба одговор до вечерва до 21 часот, само затоа што сме дома. Имавме и повици доцна во ноќта. На почетокот, моите работни навики беа ужасни, не јадев и не паузирав, додека подоцна, кога малку се навикнав, некако се организирав. Добивавме и упатства од компанијата, како да се однесуваме, да одвоиме време за пауза, да прошетаме, сега ни воведоа јога преку Интернет заради грбот, па сега е добро. Сепак, имаше луѓе кои имаа напади на паника. Сега поминувам многу време на телефон, ми недостига таа комуникација во живо. Имам чувство дека цел ден се сведува на разговор на телефон, што не би го чувствувала во канцеларија. Никој сè уште не знае кога ќе се вратиме на работа “.

Психички потреби

Шетиќ посочува дека е многу важно луѓето полека да почнат да се враќаат на својот вообичаен начин на живот, да станат физички активни и да имаат социјален контакт со луѓето со сите мерки што ќе спречат ширење на вирусот. „Со овие контакти задоволуваме одредени психолошки потреби на кои малку заборавивме, ги оставивме настрана во текот на овие шест месеци, бидејќи целиот притисок врз јавноста во однос на заштитата од Ковид-19, а многу малку внимание се посветува на другите човечки потреби. Покрај тоа да не зборувам за изворите на стрес што се појавија како резултат на пандемијата, во смисла на проблеми со работата, губење на работа, намалување на платата“, вели Шетиќ. Речиси секоја општина во двата ентитета, додава тој, има свои центри за ментално здравје, во кои работат интердисциплинарни тимови на експерти, и ги повикува сите граѓани кои ги чувствуваат психолошките последици од работењето од дома и пандемијата воопшто да се јават и да побараат помош.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно