Фото: Граѓаните ја зедоа правдата во свои раце!

Граѓаните на Велес револтирани се одлучија сами да го решаваат проблемот со дивоградбите на река Бабуна. Така денес велешани се сведоци на урната ограда која била изградена за да се огради плац на кој некој планира градба. Правилото кое важи на овој простор е како во филмовите на дивиот запад, кој прв забоде знаме земјата е негова. Бројот на дивоградби нагло се зголеми по изградбата на асфалтниот пат во должина од 2,6 километри со што и се олесни пристапот до овој простор па така сега веќе има над стотина дивоградби за разлика од пред неколку месеци кога имаше околу седумдесетина. Очигледно дивата градежна експанзија не запира. Многу од повозрасните велешани, но и помладите, се револтирани што некои нивни сограѓани за свои потреби ја преградуваат реката, а недлежните не реагираат соодветно и не ги санкционираат. Реката и клисурата Пешти се природно национално богатство и треба да се заштитат и никој нема право да ги направи приватна своина.

Извор: veles365.

Благица Павловска остана без Белисима

Македонската фолк пејачка Благица Павловска вечерва преку „Фејсбук“ откри дека нејзиното куче е убиено.

- На денешниов ден Петковден си замина душата на мојата миленица Белисима. Ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом… Патувај во царството небесно, ангелу мој… И раката и душата на серискиот убиец на сите мои миленици нека Бог ја осуди АМИН, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Шницли со компир и зеленчук

Направете тава деликатес.

СОСТОЈКИ:

600 гр. компири

300 гр. црни патлиџани

5 лажици маслиново масло

370 гр. домати

4 шницли свински

½ рендана кора лимон и зачини

ПОДГОТОВКА:

Се лупат и сечат на коцки компирот и модрите патлиџани, е додава и рузмарин по желба и се пржат на три лажици врело масло.

Се ставаат сол и бибер, вегета, мајчина душичка по избор, па се додаваат доматите сечени на коцки и се крчка се заедно 10 минути.

Се чистат шницлите и се пржат на 2 лажици маслиново масло.

Се става сол и бибер.

Се сервираат со зеленчукот, горе рендана кора од лимон.

Готви.мк

Родителите открија зошто манекекната се решила на овој чекор

Манекенката  Кејтлин О'Рајли (20) изврши самоубиство во хотелот Премиер Ин во центарот на Манчестер, после журката со пријателите.

Кејтлин О'Рајли беше ќерка на близок пријател на пејачот Роби Вилијамс, кој јавно изјави  дека таа е убава девојка на која претстои убав живот.

Нејзините родители сега ја објавија приказната за трагедијата што се случи во август минатата година со цел да привлечат внимание на самоубиствата кај младите.

Кејтлин О'Рајли била жртва на „заведување“ како тинејџерка, што значи воспоставување врска на доверба и емоционална врска помеѓу дете и возрасен, со цел нивно регрутирање и искористување за се*суални цели.

Поради траумата што ја доживеала, Кејтлин немала самопочит и често се повредувала.

- Тоа и се случило на девојката на 13 години, тоа беше голема промена во животот на сите нас. Отсекогаш мислеше дека не вреди. На првиот ден од средно училиште, кога се врати дома, мислев дека некој ја малтретира. На нејзиниот лакт беше напишана порака со црн молив: „Недоволно добро“. Прашав кој и го стори тоа, и таа одговори: „Јас“, рече нејзината мајка.

Според нејзината мајка, Кејтлин не можела да се справи со емоциите на возрасно лице. Ја злоставувал постар човек и поради траумата што ја доживеала, никогаш не успеала да се вклопи во општеството.

Борбата на манекенката со менталното здравје беше постојана грижа на нејзината мајка, која постојано се плашеше дека ќерката ќе биде повредена .

Сепак, Кејтлин имаше сила да им помогне на другите тинејџери со слични проблеми. Таа неуморно одговараше на нивните пораки на социјалните мрежи навечер и ги тешеше.

Неутешната мајка сега сака да им каже на сите девојки да веруваат во себе. Таа се бори против самоубиството преку фонд кој го носи името на нејзината ќерка. Маици со натписи „Секогаш вредна“ и „Секогаш добра“ се симболичен дел од нејзината борба.

Популарно