Еве кои се најлошите работи што може да се направат за време на пандемијата

Бројот на заразени со корона вирус ширум светот е во пораст, а се поголем е бројот на луѓе кои заради инфекцијата завршуваат во болница. 

„Знаеме дека веќе сите по малку се уморни од ковидот, но не е време да се откажеме од заштитните мерки“, вели д-р Џон Вајт. Тој навел кои се најлошите работи што може да се направат за време на пандемијата.

Одење на работа ако се чувствувате лошо - Не бидете во близина на други, ако не се чувствувате добро. Може да сте заразени, па дури и пред да добиете позитивен резултат затоа слушајте си го телото. Ако не се чувствувате добро, останете дома, порачал докторот. 

Неправилно носење на маските - Многумина маските ги ставаат само преку устата, а не го покриваат носот. Така капките можат да се шират и маската не е ефикасна превенција во тој случај. 

Одење на поголеми собири, особено во затворен простор - Одењето на големи настани на кои има 50 или повеќе луѓе, без дистанца и маска е опасна игра, истакнува д-р Вајт.

Консумирање храна од шведска маса - Рестораните кои вака ја послужуваат храната сега не се идеална опција. Околу шведската маса може да се создаваат гужви и капкички, кои може да бидат заразни и лесно доспеваат до храната на масата.

Да се мисли дека лекот е тука, зад аголот - Иако напредувавме откако корона вирусот се појави во светот, но не треба да се надеваме на брзо и скоро решение, вели д-р Вајт.

Крцкава пита со кулен и сирење

Вкусна крцкава пита од готови кори.

СОСТОЈКИ:

100 гр тенки кори

100 гр сирење

50 гр кулен

1 јајце

малку прашок за печиво

масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во лонец ставете малку топла вода и на врв на нож прашок за печиво и масло. Сирењето издробете го, додајте сечкан кулен и ставете јајце и се заедно изедначете. Една кора раширете на маса па премачкајте со вода и масло, преку неа уште една. Наредете, ставете фил, и свиткајте како што е приажано во видеото.

Редете во намастен плех и печете на 200 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Готви.мк

Го победи ковидот, а после 2 месеци почина!

47-годишен пациент од Блекпул, кој беше отпуштен од интензивна нега пред само два месеци, откако преживеа 60-дневна битка со коронавирусот, починал од последица на долготраен ковид.

Инженерот за вселенски летала Роел Рибаја беше примен во болницата Викторија на 29 мај, каде помина два месеци на интензивна нега, од кои 48 дена на респиратор.

Лекарите и медицинските сестри славеа кога тој ја напушти болницата во јули, бидејќи тој беше единствениот преостанат пациент од првиот бран на епидемијата.

- Бев сигурен дека ќе умрам. Како можете доволно  да им заблагодарите на луѓето што ви го спасија животот? - рече тогаш за британските медиуми.

Сепак, тој почина минатиот четврток, а неговата вдовица, медицинската сестра Стрела Рицио-Рибеја, откри дека тој всушност „никогаш не се опоравил“ од долгорочните ефекти на вирусот корона, за што малку се зборува.

Тој претрпе срцев удар во четвртокот, падна во дводневна кома и почина.

- Тој никогаш повеќе не беше ист. Тој се бореше за секој здив. Слушајте ги властите и следете ги мерките за спречување на овој вирус. Тој замина прерано. Не сакам повеќе никој да умре - истакна несреќната жена.

Нивниот близок пријател Марк Делабајан изјави дека семејството е во шок.

- Тој имаше долготране ковид. Неговото дишење никогаш повеќе не беше исто и не можеше да се качува по скалите. Тој беше вратен во болница неколку пати - рече тој и додаде дека причина за смртта е срцев удар, а во исто време страдаше од белодробна фиброза што се случи како резултат на респиратори.

Кох со сирење и шунка

Вкусен оброк кој ќе го правите постојано!

СОСТОЈКИ:

300 гр грашок

100 гр шунка Пекабеско сечкана на кругови

2 јајца

50 гр маргарин

100 гр сирење

1 главица кромид

50 гр брашно

50 гр презла

300 мл млеко

1 мускатно оревче

масло

сол

мелен црн бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во тава со растопен маргарин испржете ситно сечкан кромид. Кога ќе омекне, додајте сечкана шунка, посолете и побиберете. Додајте грашок, брашно и млеко. Одвојте ги белките од жолчките, а во садот со жолчки додајте ја содржината од тавата, изрендано сирење, изрендано мускатно оревче и измешајте.

Со миксер разматете ги белките, посолете, па соединете со претходно подготвената смеса.

Пропрскајте со масло и презла калап за куглоф, па нанесете ја смесата за кох. Печете 40 минути на 200 степени.

Печениот кох превртете го на тацна, пресечете и послужете со јогурт или кисело млеко.

Готви.мк

Популарно