Погледнете што кажуваат за вас отпечатоците на вашите прсти

Дерматоглификата е научна дисциплина која ги проучува обрасците или моделите што епидермисот ги создава на врвовите на прстите, како и тоа како тие влијаат на нашата личност и моделите на однесување.

Јамки

Што кажуваат за вас отпечатоците од прстите?

Јамките се највообичаениот образец кај Европејците. Овој дизајн на отпечатоците од прстите одговара на смирени и балансирани карактери. Луѓето со вакви отпечатоци вообичаено се сочувствителни и се обидуваат да им помогнат на другите луѓе. Иако се внимателни, вредни и одговорни, тие ретко преземаат иницијатива.

Главниот извор на информации и чувства за овие луѓе е интеракцијата со другите. Тие се емотивно предвидливи и имаат големо срце. Вообичаено се во одлична здравствена состојба, иако како деца веројатно биле често болни. По правило, луѓето со ваков образец имаат сангвиничен темперамент. Ја презираат работата за која немаат интерес. Ако имате јамки на сите прсти, тогаш имате голема имагинација и вие сте сонувачи.

Криви линии

Што кажуваат за вас отпечатоците од прстите?

Луѓето со ваков образец на прстите се енергични и самоуверени. Нивната самодоверба може да се забележи во нивната појава, држење и движења. Понекогаш таа се граничи со тврдоглавост и скоро никогаш не можете да ги натерате да го променат своето мислење. Секоја одлука што ја носат, за нив е конечна.

Овие луѓе вообичаено имаат проблеми со прилагодувањето на нова средина и со слушањето на туѓото мислење. Тие го формираат своето мислење од практични примери, но често преферираат да ги користат другите луѓе за остварување на своите цели. Луѓето со криви линии на своите отпечатоци најчесто имаат колеричен темперамент. Тие ја ценат уметноста и музиката и имаат изразен и уметнички говор на телото.

Вртлози

Што кажуваат за вас отпечатоците од прстите?

Луѓето со вртлози на отпечатоците од прстите се избувливи, но искрени и широкогради. Тие поседуваат природни таленти, брзо учат и се подготвени да го анализираат своето опкружување. Често почнуваат повеќе работи одеднаш и се откажуваат на половина пат, откако ќе го изгубат интересот. Овие луѓе имаа нестабилен карактер, непредвидливи се и ги кријат своите вистински чувства и мисли. Се стремат кон осаменост. Често се незадоволни од себе и се сомневаат во сѐ и во секого. Нивниот извор на импресии се наоѓа длабоко во нив, додека информациите најчесто ги собираат преку читање.

Нивниот темперамент е флегматичен. Говорат безизразно, тивко и бавно. Ако луѓето имаат вртлози на показалецот од двете раце, тогаш тие се родени мислители. Ги привлекуваат програмирањето, правните науки и истражувањата. Луѓето со ваков образец имаат сестран и комплексен карактер и често не се свесни за своите можности.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно