ФОТО: Аерозагадувањето зема замав, еве како изгледаше Скопје синоќа

Големо ниво на ПМ10 честички во воздухот е забележано вчеравечер во главниот град. На некои од мерните станици во Скопје загадувањето достигнуваше и над 160 ПМ10 честички.

Веќе една недела има тренд на зголемување на нивото на ПМ честици во воздухот, а тоа го потврдија и од Министерството за животна средина. Најзагадено е во Лисиче, но високи концентрации на ПМ има неколку дена и во другите општини.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како се зголемување загадувањето на воздухот во текот на вечерта. Граѓаните коментираат и дека се чувствува интензивна лоша миризба.

Скопје викендов се најде меѓу најзагадените градови во светот, а од скопскиот општини најлош е воздухот во Карпош, Аеродром и Кисела Вода.

Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

(Фото) Тешко повредена жена велосипедист во близина на Рамстор пред малку

Од фотографиите што ги испратија случајни минувачи кои се нашле во моментот на сообраќајната несреќа може да се види како бел џип со скопски регистарски таблички удрил во велосипедист на пешачкиот премин што се наоѓа во близината на Рамстор на булеварот Св. „Кирил и Методиј“ или поточно пред зградата на АЕК, објави порталот СКопјеинфо.

Од она што може да се забележи дека повреденото лице е жена, а присутна е екипата и на итната помош.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно