Компанијата „Брако“ го содаде првото македонско хидрогенско возило

„Брако“ го создаде првото возило во Европа за одржување хигиена во урбани средини, кое испушта вода наместо издувни гасови. Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се првите кои ќе ја одржуваат хигиена со овие велешки еколошки возила.

Возилата со погон на хидроген (водород) денес се последен збор на технологијата во автомобилската индустрија. Се смета, а веќе и во праксата се потврдува, дека водороводот може да ги надомести „слабите точки“ на стандардните возила на електричен plug-in погон. Со други зборови, хидрогенските возила се еден сосема нов, револуционерен концепт на развојот на хибридни возила, хит на т.н. зелена индустриска револуција.

Велешки „Брако“ на самиот врв на сцената на која се одигрува зелената индустриска револуција

Можеби звучи нестварно, но жива вистина е – една македонска компанија е на самиот врв на сцената на која се одигрува оваа револуционерна промена. Станува збор за велешката компанија „Брако“, која ја произведе првата во Европа еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини, под брендот„Green Machines“, GM500H2.

Ова е тоа чудно возило, гордост на нашата земја:

Тим од 15 инженери од  Македонија, во соработка со инженери од Холандија, работеа на еколошкото возило за чистење што наместо издувни гасови, испушта вода.

– Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ ( GM 500H2), чиj погон работи на најчистото гориво хидроген (водород). Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиена со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат. Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите. Еко визијата ја  препознаа и во останатите земји ширум светот, па така интерес за новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија, како и од скандинавските земји – вели  Иле Атанасов, директор на „Брако“.

Пред нешто повеќе од еден месец лично ја посетив компанијата „Брако“ и можев и самиот да се уверам во тоа како се градат и како функционираат возилата на компанијата „Green Machines“, која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, но има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација. Тогаш ги видов првите видео-снимки на демо-возилото GM500H2.

Не треба човек да е експерт во автомобилската индустрија за веднаш да сфати што значи овој концепт од аспект на економичноста и особено од аспект на заштитата на животната средина. Под „ауспухот“ на ова чудно возило можете да наполните чаша чиста вода и буквално да ја испиете. Посакав веднаш со читателите на Плусинфо да ја споделам информацијата за велешкото чудо од возило.

Но, љубезните домаќини тогаш беа во завршна фаза на лансирањето на овој револуционерен производ, кој сега целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет, од Лондон до Сингапур. И како сериозни инженери и луѓе, ме замолија да почекам на официјалната промоција, според онаа народната – прво скокни, па кажи оп. И ете, сега веста за создавањето на оваа неверојатна машина ја објавија голем број медиуми од Европа и од светот, поздравувајќи го иновативното решение.

Грандиозни успеси во време на најтешката криза во историјата на земјава

Инаку, инвестирањето во зелените машини, како и во нови технолошки постројки, е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во „Брако“, каде што се вработени над 600 лица. Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е  меѓу најголемите извозници во Северна Македонија, чие доминантно производство од 95 отсто  е наменето за извоз во повее од 30 земји.

Годинава, во време на криза и најтешките логистичко-технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството како и да го зголеми бројот на вработените. Инвестициост циклус во вредност од 8 милиони евра на велешки „Брако“ опфаќа вложувања во напредната технологија на CNC управувачки машини, инвестиции во нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин производство како и нова менза за вработените.

Патем речено, ми беа потребни добри два часа одење со брзо темпо за да ги посетам новите хали и да ги видам новите машини во велешки „Брако“. Сосема друга, спектакуларна приказна е производстваната програма на медицински помагала, за која кај нас малку се знае. Но, за тоа во некоја друга прилика…

Освен што воодушевува производната линија на возилата на „Green machines“, уште повеќе задоволство пружа глетката на спакувани возила кои чекаат да бидат испорачани на своите дестинации, некаде во Европа и во светот. Кога ја гледате таа сцена со сопствени очи, ја сфаќате големината на потфатот на велешките инженери, менаџери и работници, кои бијат успешно бијат лавовсска битка за освојување на европскиот и на светскиот пазар, каде што победуваат иновативните и револуционерни решенија.

И не може да не се возгордеете што сето тоа не се случува таму некаде зад океаните, туку тука, кај нас, во срцето Македонија, меѓу вредни луѓе посветени и заљубени во својата работа.

(Во подготовката на оваа статија е користено и официјалното соопштение на „Брако“ упатено до јавноста)

Извор: https://plusinfo.mk/

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно