Денес се регистрирани 1039 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: 

-Скопје 546

-Куманово 38

-Штип 27

-Прилеп 83

-Тетово 30

-Струга 24

-Велес 25

-Битола 41

-Охрид 32

-Кавадарци 18

-Гостивар 48

-Гевгелија 14

-Струмица 9

-Крива Паланка 5

-Радовиш 7

-Крушево 4

-Пробиштип 5

-Демир Хисар 6

-Македонски Брод 3

-Пехчево 1

-Берово 1

-Валандово 3

-Виница 3

-Делчево 3

-Кратово 1

-Свети Николе 9

-Кичево 28

-Ресен 14

-Неготино 11

Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од:

-Скопје 402

-Куманово 63

-Дебар 6

-Штип 43

-Прилеп 57

-Тетово 72

-Велес 86

-Кавадарци 30

-Гостивар 45

-Гевгелија 19

-Струмица 40

-Крива Паланка 9

-Радовиш 13

-Кочани 34

-Пробиштип 11

-Македонски Брод 1

-Берово 4

-Валандово 4

-Виница 14

-Кратово 9

-Свети Николе 19

-Неготино 17

Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.

Прилеп: Приведен тренерот по џудо кој силувал малолетнички доверени за тренирање и воспитување

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.

На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, а Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

Против лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Очевидец ја открива причината за тешката сообраќајка на „Рузвелтова“

Сè уште нема информации колкумина се повредени и во каква состојба се по тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Франклин Рузвелт“ и „Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.

До несреќата дошло кога автомобил „пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила. Од силината на ударот, се одбил и попатно соборил столбови на улицата.

Сведок на несреќата за „Канал 5“ вели дека црниот „пасат“ ја поминал крстосницата на црвено светло и директно удрил во другото возило. Неофицијално, телевизијата дознава дека две лица се тешко повредени.

Полицијата изврши увид и утрово се очекуваат повеќе детали од СВР Скопје.

Почина легендарната радио и ТВ спикерка Бранка Станковска

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје, потврди семејството. Имаше 90 години.

Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.

Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

Извор: Сакам да кажам

Популарно