Д-Р. СЕЛМАНИ: Зошто МАЛМЕД да го набавува фавипивирот за приватни клиники, требаше државата да ја преземе иницијативата

Дека сме најдобри во светот по справувањето со коронавирусот, сигурно дека не сме најдобри, но не држи тезата ниту дека сме најлоши.

Ова во своето гостување во емисијата Студио 10 на Тв 24 го изјави Имер Селмани, поранешен министер за здравство на земјава.

„Едно нешто здравствените власти можат да го направат, а тоа е да ги мобилизираат стратешки, оперативно, под една команда сите здравствени капацитети, мислам дека тоа се уште не е направено. Во последните денови се пренаменуваат одделенија, се најавува дека ќе се вклучат и дел од приватните здавствени установи. Но, мислам дека сето тоа сега е сеуште некако премлако. Значи, требаше многу поенергично да се направи претходно, односно сите капцитети да се стават под една команда“, рече Селмани.

Второ, според него, здравствените работници кои се во првите борбени редови во битката со ковид епидемијата, не треба од нив само да се бара одговорност, туку треба соодветно финансиски да се наградуваат.

„Мислам дека не е доволно само линеарното зголемување на платите. Во најмала рака , тој персонал кој е непосредно во битката со ковидот, треба да бидат барем најмалку двојно повеќе стимулирани во смисла на финансиските бенефиции. Тие често се во премор, физички закани, често омаловажувани од страна на пациенти и роднини, па се под дилемата дали да продолжат со битката, или да се откажат. Ние имавме и откажување кај некои од нив“, нагласи поранешниот минстер за здравство.

Според него, оваа битка очигледно ќе трае и нема да заврши со доаѓањето на вакцината, бидејќи за неа ќе требаат неколку месеци да ги даде очекуваните резултати. А и прашање е дали и колку ќе даде резултати, бидејќи тоа ќе го покаже времето.

И дефинитивно, според Селмани, министерот за здравство и Владата ќе треба да ги централизираат набавките на опрема и лекови на едно место, за да можат да ги контролираат трошоците на државни пари и да се намалат злоупотребите.

„Вчера ја слушнав изјавата на директорот на Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, кој рече дека прв пат одобрил, по барање на приватни институции, увоз на лек кој е наменски против ковид. Па се поставува прашањето – зошто сега и зошто во ситуација на барање од приватни институции. Државата е во вонредна и кризна ситуација и таа треба да го преземе чекорот, да ја преземе иницијативата. Зошто државата да не направи увоз на одредена количина, со која ќе ги покрие потребите и на приватните, и на државните здравствени установи. Треба државата да предничи со одлукте, а не приватните установи да даваат предлози“, објасни поранешниот министер за здравство.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, се посочува во роковникот на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

-Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник), се посочува во Роковникот на ДИК.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

Популарно