Шахпаска - Бројот на невработени го кренаа и нашинците кои се вратија од странство

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека причини за големото зголемување на невработеноста од околу 46.000 граѓани кои се пријавиле како невработени во периодот на корона-кризата се должи на тоа што еден дел од младите се пријавиле во Агенцијата за вработување за да ја добијат финансиската поддршка од економскиот пакет на антикризни мерки, но и поради тоа што не можат да заминат на работа во странство.

- Дополнително кога владата ги носеше пакетите за финансиска поддршка, ние имаме прилив на голем број на млади кои аплицираа да добијат, прво финансиска поддршка, а дополнително за да влезат во проектот Гаранција за млади, односно младински додаток. Тоа се мерки кои владата ги презема, а за да може да ги користат тие права, тие дополнително се пријавија повеќе. Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи, вели Шахпаска во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Според министерката, поради пандемијата со ковид 15.858 граѓани ги изгубиле своите работни места, од кои на 7.000 граѓани им прекина работниот однос, затоа што бил предмет на договор, односно работа на определено време, 2000 работници останале спогодбено во договор со работодавачот а процентот на граѓаните кои останале без работа заради затворање на компании е некаде околу 2500-3000 граѓани.

- Бројката која Вие ја кажувате до 40 илјади, тоа е бројка на новорегистрирани невработени, не работници кои останале без работа заради пандемијата. Со воспоставување на концептот, со воведување на гарантирана минимална помош, ние истовремено работиме на активирање на примателите на гарантирана помош на пазарот на трудот и оттука постои интегрирано водење на Центрите за социјална работа, заедно со Агенцијата за вработување. Овој концепт на активација значи сите членови на семејството, коишто се вработливи, да се пријават во агенцијата за вработување и таму водителот на случај таму треба да направи проценка кој од тие возрасни членови е најсоодветен, највработлив со оглед на неговите квалификации, образование и потребите на пазарот на трудот. И нас дополнително бројката на пријавени невработени ни се зголеми точно заради спроведување на социјалната реформа, вели таа.

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Бизнис елитата од Македонија и Бугарија се собра во Скопје

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Северна Македонија и нејзина втора најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра. Во 2022 година, годишната двонасочна трговија надмина 1 милијарда евра.

Со цел оддржување и подобрување на меѓусебната соработка на компаниите, сопственици, директори, како и видни претставници на фирмите од двете земји во четвртокот во хотелот Александар Палас разменија искуства и можности за идна соработка.

 Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов им се заблагодари на генерациите активисти кои го основаа, развиваа и зајакнаа МБСК. Тој изрази надеж дека со нејзината амбициозна програма новоизбраната претседателка на МБСК Билјана Митева ќе ја направи институцијата „поживописна, подинамична и многу поотворена за сите економски субјекти, што ќе ги зајакне односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Митева во говорот на настанот посочи: „Имам голема одговорност бидејќи Македонско-бугарската стопанска комора која постои од 2011 година има многу успешни проекти. За да истите бидат надминати ќе биде потребна поголема соработка меѓу бизнисите и јавните институции во нашите две земји и што поскоро да се отстранат сите бариери за бизнисот“.

Шефот на трговската служба на бугарската амбасада Красимир Драгнев на состанокот рече дека на 7 декември во Софија ќе се одржи бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двата соседи. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје. Ја отворија тогашните министри за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Северна Македонија.

Овој пат, МБСК ќе биде главниот партнер во составувањето на деловната делегација од Северна Македонија.

Цените на нафтата на светско ниво паднаа втора недела по ред

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи не е нарушена понудата од Блискиот Исток, а побарувачката може да падне поради слабоста на најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 6,2 отсто, на 84,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,9 отсто, на 80,50 долари.

Конфликтот меѓу палестинската организација Хамас и Израел досега не го наруши снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. „Нафтениот пазар ќе внимава на знаци на ескалација на тензиите на Блискиот Исток, особено на границата со Либан, со оглед на честите напади на Хезболах“, рече Фиона Цинкота од Сити Индекс.

Доколку конфликтот се прошири во регионот, може да дојде до прекин на испораките на нафта . Но, тоа сè уште не е случај. „Конфликтот во моментов е на втор план за пазарот бидејќи не влијаеше значително ниту на побарувачката ниту на прекинот на понудата“, вели Џон Килдаф, партнер во Again Capital.

Трговците минатата недела беа фокусирани на монетарната политика. По агресивното зголемување на каматните стапки во последната година и половина, американската централна банка ФЕД, како и британската, минатата недела ги оставија каматните стапки непроменети.

Со оглед на тоа што инфлацијата во западните земји постепено се намалува, на пазарите преовладуваше тезата дека циклусот на покачување на каматните стапки е завршен.

Тоа ги поддржа цените на нафтата во средината на неделата, но подоцна цените паднаа бидејќи низа податоци покажаа дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Така, извештајот, објавен во петокот, покажа дека вработеноста во САД ослабела во октомври, додека платите пораснале помалку отколку во септември, што најавува слабеење на побарувачката.

Ова го најавуваат податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата на еврозоната.

Трговците беа загрижени и од неочекуваниот пад на активноста во кинеската индустрија во октомври. И низа други податоци покажаа дека кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот , расте побавно од проценетото. По минатонеделниот пад на лондонскиот пазар, цената на барелот сега е во минус во однос на почетокот на годината за околу 1 отсто, додека на американскиот пазар се уште е во плус, но само околу 0,3 отсто.

Популарно