(Фото) Погледнете како Ирина Шајк изгледала пред почеток на кариерата

Популарната убавица е една од најпознатите манекенки на планетата, а пред повеќе од 10 години била само Ирина Валерјевна Шајхлисламова, симпатична девојка која што од родната Русија се упатила во светот на големите соништа.

Речиси и да нема личност која што денеска не ја препознава Ирина Шајк, манекенката која што се фотографираше за многубројни насловни страници на познати светски магазини и која што правеше модни ревии за најголемите светски имиња во модата, како што се Кристијан Диор, Шанел, Луј Витон, Версаче, Прада и многу други.

Сепак, најпозната е по фотографиите во бикини кои што ја лансираа на самиот врв во светот на моделингот. Во текот на 2007-та година до 2015-та година, Шајк повеќе пати се фотографираше за „Sport Illustrated Swimsuit“, а и денеска неретко ги радува фановите со провокативните фотографии од плажа.

Инаку Шајк, за оние кои што не знаат, се запишала да студира маркетинг, но потоа одлучила со својата сестра да се запише во училиште за нега на убавина, што била одлука која ѝ го променила животот.

Таму ја забележал агент кој што го восхитила нејзината убавина, па ѝ кажал да се пријави на избор за мис.Ирина се пријавила во 2004-та година, па неочекувано победила, а три години подоцна потпишала договор со престижни светски модни брендови.

Една од нејзините први фотографии кои што биле направени открива како Ирина изгледала кога пристигнала на американското тло и почнала да ја гради светската кариера – насмеана, возбудена, облечена едноставно, но сепак многу убава и единствена како и денеска.

(Фото) Ријана ги покажа раскошните облини во секси долна облека

Популарната пејачка Ријана која во последно време нè изненадува со честите промени на имиџот, отпочна бурни реакции со новата објава на Инстаграм.

Пејачката ја промовираше својата нова колекција на долна облека „Savage Signature Script“, а кој може подобро да ја изрекламира отколку токму таа со своите раскошни облини?

Ријана позирала на кревет во провокативна чипкана долна облека, гаќички со интересен детаљ и градник кој совршено ѝ прилегал.

Освен долната облека, убавицата од Барбадос ја промовирала и својата нова колекција на постелнина, така што лежела на неа на хотелскиот кревет.

„Нејзината листа на изговори за тоа што нема албум“, напишал еден од следбениците на Ријана, кои се разочарани од нејзиното отсуство од музичката сцена.

(Фото) Лила Филиповска во еден од најскапите базени на светот и поглед од милион долари – но умот ќе ви го одземат бујните гради во преден план

Македонската водителка Лила Филиповска објави каде ужива во овие пролетни денови.

И додека и во Скопје температурите се зголемуваат и викендов ќе се искачат до речиси триесеттиот степен, Лила реши да одлета за Дубаи од каде се огласи на својот Инстаграм профил.

Таа објави неколку фотографии каде позира во црно бикини, а во преден план се нејзините бујни гради.

Водителката позираше во базен во еден од најскапите ресорти таму, а доказ дека знае да ужива се фотографиите од таму, погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

(Фото) Најстарата од трите сестри Родиќ во бикини во кое ќе зумирате до максимум, по оваа трансформација сигурно нема да биде сама

Најстарата сестра од трите во семејството Родиќ е се уште немажена, станува збор за Наташа Родиќ, чии сестри се мажени – едната за Вељко Ражнатовиќ, а другата за Мирко Шијан.

Таа многу сака да патува, а е и активна на социјалните мрежи.

Она што сите го забележаа на нејзиниот Инстаграм профил е дека таа ослабела буквално до не препознатливост.

Таа во овој момент е во Дубаи од каде што објавува фотографии во бикини кои ги излуди момците кои сакаат да ја омажат и последната сестра од семејството кое се прослави пред неколку години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

Популарно