Зоран Заев: Ајде заедно во Влада

Во интервју за Слободен печат премиерот Зоран Заев за прв пат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Прв пат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас -премногу ни е поделен народот.

Второ, да ја департизираме администрацијата, а тоа е можно ако двете страни се внатре. Клиентелизмот во судството и во администрацијата ќе исчезне.

Ова е дел од новата политика која треба да ја поминам и во СДСМ, а мислам дека имам почит во органите и телата затоа што ова е важно за државата. Да нема забуни, не станува збор за техничка Влада. Но само ако има човек со кого може да се разговара.

Во таква околност ние ќе го забрзаме нашиот од напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи повеќе е застапен и премиерот е на власт или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата.

Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам прв пат оваа можност. Но се е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш.“

Извор: Слободен печат

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно